Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Долени

црква во Долени, Костурско

Успение на Пресета Богородица (грчки: Ναός της Κοιμήσεως της Θεοτόκου) — средновековна црква во селото Долени, Костурско, Егејска Македонија.[1] Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.

Успение на Пресвета Богородица
Κοιμήσεως της Θεοτόκου
Поглед на црквата
Карта
40°23′1.78″N 21°9′57.28″E / 40.3838278° СГШ; 21.1659111° ИГД / 40.3838278; 21.1659111
МестоДолени, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
ЗавршенаXI век
Управа
Архијерејско намесништвоГосненско
ЕпархијаКостурска

Местоположба

уреди

Црквата е сместена на мал рид на северниот влез на селото.[1]

Историја

уреди

Храмот е еднокорабна крстокуполна црква, изградена во XI век. Првобитно имала трем од југ и запад, чие уривање лошо се одразило врз внатрешниот живопис.[1]

 
Фрески и ктиторскиот натпис од 1462 г.

Фреските датираат од два периода. На јужниот ѕид на наосот има натпис според кој првото жиовописување е изведено во 1432 г. Има претстава на Свети Климент Охридски.[2] Овие фрески во наосот, а особено во неговата купола, пострадале од влагата која се провлекувала низ срушениот покрив, а подобро се зачувани фреските на северниот ѕид.[1]

 
Ктиторскиот натпис од 1749 г.

Вториот живописен слој, кој е подобро зачуван, датира од 1749 г. и ги покрива ѕидовите во нартексот и ниските делови на наосот.[3] Се издвојува претставата на Свети Јован Крстител.[1] За преизградбата на уништените делови од црквата сведочи ктиторскиот натпис, напишан на наметнатиот грчки:

ΑΝΗΓΕΡΘΗ ΚΑΙ ΑΝΙĊΤΟΡΗΘΗ Ο ΘΕΙΟČ ΚΑΙ ΠΑΝĊΕΠΤΟČ ΝΑΟČ ΟΥΤΟĊ ΤΗČ ΥΠΕΡΑΓΙΑĊ ΔΕΣΠΟΙΝΗĊ ΗΜΟΝ ΘΕΟΤΟΚΟΝ ΚΑΙ ΑΕΙΠΑΡΕΝΟΥ ΜΑΡΙΑČ ΑΡΧΙΕΡΑΤΕΥΟΝΤΟĊ ΤΟΥ ΠΑΝΙΕΡΟΤΑΤΟΥ ΚΑΙ ΛΟΓΙΟΤΑΤΟΥ ΜΗΤΡΟΠΟΛΙΤΟΥ ΚΑČΤΟΡΙΑČ ΚΥΡ ΧΡΥΣΑΝΘΟΥ ΚΑΙ ΕΦΗΜΕΡΕΥΟΝΤΟČ ΔΙΜΙΤΡΙΟΥ ΙΕΡΕΟČ ΚΑΙ ΔΙΑ ΣΥΝΔΡΟΜΗČ ΤΩΝ ΧΡΙĊΤΙΑΝΩΝ ΤΗĊ ΧΩΡΑČ ΤΑΥΤΗČΣ ΕΝ ΕΤΕΙ, ΑΨΜΘ
Превод:

Се подигна овој свет и сепочитуван храм на Пресветата Владичица наша Богородица и вечна Дева Марија при владикувањето на сесвештениот и учен митрополит Костурски господин Хрисант и при ефимерот, свештеник Димитар и со помошта на христијаните од оваа област во година 1749.[1][4]

Во 1924 г. храмот е прогласен за споменик на културата.[5]

Фрески

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Δόικος, Νίκος & Γιάννης Σίσιου & Δημήτριος Τσουρτσούλας (1995). Καστοριανά Μνημεία: Μακεδονική Κληρονομιά. Χρωμογραφή. стр. 79.
  2. Trifonova, Alexandra (2014). „Οι απεικονίσεις του αγίου Κλήμεντα Αχρίδος στη μνημειακή ζωγραφική“. Πρακτικά Διεθνούς Επιστημονικής ημερίδας Άγιος Κλήμης Αχρίδος: συνεχιστής του έργου των αγίων Κυρίλλου και Μεθοδίου (грчки). Βέροια. εικ. 1-17: 135. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  3. „Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου - Ζευγοστάσιο“. cyberotsarka. Посетено на 26 декември 2016.
  4. Снегаров, Иван (1995) [1932]. История на Охридската архиепископия-патриаршия, т.2 (Второ фототипно. изд.). София: Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 231. ISBN 954-430-345-6.
  5. „ΠΔ 3-11-1924 - ΦΕΚ 279/Α/6-11-1924“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 5 мај 2018.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди