Синклитикија Александриска
Синклитикија Александриска — христијанска светица по потекло од Македонија. Во продолжение на нејзиното житие свети Атанасиј ја споменува Македонија како земја на нејзиното потекло. Тој пишува дека семејството на света Синклитикија се преселило од Македонија во египетскиот град Александрија, кој бил основан од Александар Македонски[1].
Синклитикија Александриска | |
---|---|
Света Синклитикија Александриска | |
Роден(а) | Македонија |
Починал(а) | 350, Александрија, Еипет |
Почитуван(а) во | православие, древноисточни цркви, католицизам, англиканство |
Слава | 5 јануари |
Света Синклитикија имала уште една сестра и двајца браќа, но едниот брат умрел како дете, а другиот на 25 годишна возраст, непосредно пред својата свадба.
Како богата, убава и угледна девојка имала многу додворувачи кои ја барале, но таа сите ги одбила и се оддалечила од родителската куќа, отишла во манастир. Во најголема воздржаност, бдеење и молитвап оживеала до 80 година. Нејзините поуки за монахињите од секогаш се сметани како духовен бисер, бидејќи оваа праведничка не дошла до високата мудрост преку книги, туку преку страдање, мака, деноноќно размислување и духовно општење со возвишениот божествен свет. Починала во 350 година. Св. Синклитикија, помеѓу останатото, говорела: “...ако e време на пост, немој да се откажуваш од постот, иако си болен, бидејќи, еве, и тие што непостат, страдаат од иста болест”. Уште велела: “Како што откриеното богатство брзо се разграбува,така и добродетелта кога се разгласува, се помрачува и се губи”[2].
За животот на света Синклитикија постојат повеќе податоци благодарение на свети Атанасиј Велики (293 - 373 година), кој го запишал нејзиното житие. Ова житие е застапено во книгата со негови дела објавена во Мигна 1488 година. Посебна вредност во ова житие имаат зачуваните мудри мисли и поуки што света Синклитикија ги упатувала до христијаните. Откако починале нејзините родители, света Синклитикија ја зела со себе и својата сестра, која била слепа. Тие се населиле надвор од градот, откако претходно го распродале целото свое богатство, а парите им ги раздале на сиромашните. Тогаш света Синклитикија си ја исекла косата со што го симнала од себе и последниот женски украс. Така таа била целосно подготвена да се подвизува, иако уште во својот дом била навикната на подвизи[3].
Нејзиниот празник се слави на 5 јануари (стар стил), односно на 18 јануари (нов стил).
Наводи
уреди- ↑ Во житието читаме: „Оваа света именичка на небесниот совет потекнуваше од македонската земја. Нејзините предци, откако слушнале за Богољубието и Христољубието на Александријците, тргнале од Македонија во градот на Александар Македонецот. Откако стигнале во земјата александриска, виделе дека стварноста таму е многу подобра отколку што се зборувало и затоа со радост останале таму да живеат. Но, тие не се радувале на многубројниот народ, ниту на големината на тамошните градби, туку се радувале затоа што таму нашле цврста и единствена вера, заедно со искрена љубов, па затоа својата нова татковина ја ставиле пред првата“
- ↑ „Охридски пролог“ стр. 6
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-11-21. Посетено на 2012-02-20.
Надворешни врски
уреди- Синклитикија Александриска на Ризницата ?
- Преподобната мајка Синклитикија — портал „Денови“ (македонски)