Црква „Св. Преображение“ - Припор
Свето Преображение — црква, која се наоѓа на месноста Теферич во скопската населба Припор во Општина Кисела Вода.[1]
Св. Преображение
| |
Поглед на црквата „Св. Преображение“ во Теферич | |
македонска православна црква | |
Епархија | Скопска |
Архијерејско намесништво | Јужноскопско |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°57′49.99″N 21°26′4.82″E / 41.9638861° СГШ; 21.4346722° ИГД |
Место | Припор, Скопје |
Општина | Кисела Вода |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Преображение Христово |
Изградба | 2008 |
Осветување | 9 октомври 2011 |
Архитектонски опис |
Црквата е висока осум метри, а широка пет метри. Во близина на црквата изградена е камбанарија. Уреден е самиот двор на црквата, во кој се наоѓа и чешма.
Историја
уредиИзградбата започнала во 2008 година и комплетно била завршена во 2009 година. На 9 октомври 2011 година црквата била осветена од страна на архиепископот г.г. Стефан и на други свештени лица.[2]
Галерија
уреди-
Страничен поглед на црквата со камбанаријата
-
Страничен поглед на црквата со камбанаријата
-
Фреска насликана над влезот на црквата
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Се освети црквата Св. Преображение" на Теферич“. Вечер. Скопје: Вечер Прес. 11 октомври 2011. Посетено на 12 април 2016.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Преображение“ - Припор на Ризницата ?