Црква „Св. Никола Арбанашки“ - Охрид
Св. Никола Арбанашки — средновековна црква во урнатини, сместена градот Охрид. Му припаѓа на Струшкото архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]
Свети Никола Арбанашки
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Прва охридска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°6′56.2″N 20°47′36.1″E / 41.115611° СГШ; 20.793361° ИГД |
Место | Охрид |
Општина | Охрид |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | среден век |
Архитектонски опис |
Историја
уредиОстатоците од црквата се наоѓаат на ул. „Кузман Капидан“ (старо име „Страшо Пинџур“) бр. 16-а, во дворот на семејството Чобановци, во горниот дел на маалото Варош.[2] Изградена е во текот на средновековието. Забележано е дека пропаднала во урнатини уште во 1930-тите.[3]
Опис
уредиОд храомт се зачувани делови од источниот апсидален дел.[2][4] Ѕидана е од делкан камен и фрагментирани тули. Во ѕидаријата има сполии (архитектонски елементи) од антички објекти, особено од старата базилика на Плаошник, сместена на билото на запад.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ 2,0 2,1 Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1335. ISBN 978-608-203-024-1.
- ↑ Велев, Илија (1990). Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија. Наша Книга. стр. 137.
- ↑ 4,0 4,1 Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 59.