Црква „Св. Никола“ - Слепче (Демирхисарско)

црква во Слепче, Демирхисарско

Св. Никола — главна црква во демирхисарското село Слепче, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Крушевско-демирхисарско
Парохија Слепчанска
Местоположба

Карта

Координати 41°13′57″N 21°10′25″E / 41.23250° СГШ; 21.17361° ИГД / 41.23250; 21.17361
Место Слепче
Општина Демир Хисар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Завршено 1867
Живопис 1884
Градител Коста, Јован и Ангеле од Цер
Зограф Коста Анастасов
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна базилика

Црквата е изградена врз темелите на стара црква во 1867 година.[1]

Претставува еднокорабна градба со полукружен свод, петстрана апсида на исток, и трем и женска црква на запад. Од внатрешната страна на северниот и јужниот ѕид има потпорни пиластри поврзани со лакови. Ѕидаријата е од полуобработен камен; прозорците, аглите, венецот и апсидата се од делкан бигор, а вратите се од мермер во плиток релјеф. Во дворот има камбанарија и тој е заграден, и во него се влегува преку масивна дрвена врата.[1]

Во храмот има полузачуван натпис со годината на зографисување — 1884.[1] На него стои името на Коста Анастасов, зограф кој работел и на соседниот Слепченски манастир, но може и да се однесува на мајстор-градител со истото име.[2] Според друго толкување, се работи за брат му Никола Анастасов.[1]

Слики

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 72. ISBN 978-608-65616-4-2.
  2. Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуство. стр. 279.

Надворешни врски

уреди