Црква „Св. Никола“ - Градец

црква во Градец, Кривопаланечко

Св. Николаправославна црква во кривопаланечкото село Градец, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кривопаланечкото архијерејско намесништво во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА.

Свети Никола
македонска православна црква
Епархија Кумановско-осоговска
Архијерејско намесништво Кривопаланечко
Местоположба

Карта

Координати 42°13′44″N 22°17′23″E / 42.22889° СГШ; 22.28972° ИГД / 42.22889; 22.28972
Место Градец
Општина Крива Паланка
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Завршено 1857
Архитектонски опис
Стил предодбенички

Црквата е изградена во 1857 г. Претставува голема еднокорабна градба со отворен трем од западната и делумно од јужната страна. Од јужната страна во источен правец е доизградена затворена трапезарија.

Се вели дека во црквата се наоѓале „одаи“ за секое од маалата на селото, но и за селаните од соседните села Габар, Огут и Метежево.

Живопис и икони

уреди

Храмот бил целосно живописан, и од нив сочувани се дел од фреските, меѓу која најзначајна е Симнување од крстот. Нивен автор е Ѓорѓи Јереј. Резбаниот иконостас, иконите на него и резбаните царски двери со позлата се дело на мијачкиот мајстор Евгениј Поп Кузманов, кој ги изработил во 1869 г.[1] Поп Кузманов ги изработил и иконостасот, иконите на него и резбаните царски двери со позлата за црквата. Иконата на Свети Ѓорѓи е насликана „   1869                2:           ȣ        i       ȣ                  “. Во десниот жртвеник има натпис „      ȣ                    i                       i : 1885      : 20     i               “. Во левиот жртвеник во 7 колони со по 16 реда се молитвите за осветување на црквата.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Справочник Крива Паланка, Крива Паланка, 2007, стр. 25.
  2. Василиев, Асен (1965). „Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители“. София: Наука и изкуствo. стр. 228. Отсутно или празно |url= (help)