Црква „Св. Никола“ - Барово

црква во селото Барово

Свети Николамакедонски православен храм во селото Барово, на јужната падина на планината Водно, близу Скопје. Црквата се наоѓа веднаш на источниот влез на самото село над самиот пат кој води од соседното село Чифлик и Долно Соње. Според кажувањата на селаните, кои не го знаат точниот датум на црквата, таа е многу стара и е постара од црквите во соседните села[1]. Ова може се потврдува со сочуваниот фрескопживопис, односно фреските на Свети Никола и Пресвета Богородица на надворешните ѕидови на црквата, чија техника на сликање потекнува од доцниот среден век или можеби 16 век, како и живописот на црквата Свети Спас во блиското село Добри Дол. Во поново време црквата е со обновена и реконструирана фасада и висока камбанарија. Во дворот на црквата се наоѓаат археолошки наоди од античко време како камена плоча со латински натпис од римско време, од која се зачувани првите три редови[1] (плочата е пронајдена на самото место каде што е и соѕидана во ѕидот на услужниот објект - трпезаријата) и исклесано камено корито. Од горната и долната страна на црквата се наоѓаат селските гробишта[1].

Свети Никола

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Јужно скопско
Местоположба

Карта

Место Барово
Општина Сопиште
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Архитектонски опис

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Ф. Трифуноски, Јован (1958). „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“ (српски). Филозофски факултет Скопје. стр. 142.