Црква „Св. Спас“ - Добри Дол
Вознесението Христово или Свети Спас — православна гробјанска црква во скопското село Добри Дол[1]
Свети Спас
| |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Скопска |
Архијерејско намесништво | Јужно скопско |
Местоположба | |
---|---|
Место | Добри Дол |
Општина | Сопиште |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Вознесение Христово |
Завршено | 1576 |
Живопис | 1576 |
Архитектонски опис |
Од ктиторскиот натпис кој стои над стоечките светителски фигури на јужниот ѕид, се дознава дека црквата е изградена и живописана во 1576 година. Црквата е еднокорабна градба со правоаголна основа, со полукружна апсида однадвор и одвнатре и засводена со полукружен свод. Во храмот се влегува низ јужниот ѕид на новодоградената припрата. Живописот во црквата го извеле двајца сликари. Поталентираниот ги насликал стоечките фигури во првата зона, ликовите на сводот, фигурата на Исус Христос и во нишата над влезот во црквата. Неговите фигури се тенки, издолжени, со хармонични пропорции и убави пози. Ги сликал прецизно, речиси мунициозно го обработил инкарнатот, лицата ги сликал со окер, а осветлувањата ги обележувал со бела боја. Имал префинето чувство за колорит. Употребувал дискретни пастелни бои и посветувал внимание на декоративните орнаменти. Живописот во втората и во третата зона веројатно е дело на вториот сликар и е под дебел слој саѓи, меѓутоа се воочува иконографска точност на сцените и на ликовите кои се шематизирани. Се претпоставува дека подобриот сликар од Св. Спас и припаѓал на групата сликари кои ја декорирале црквата „Св. Никола“ во селото Шишево, а на тоа укажува присуството на античката пророчица, еритрејска Сибила.
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |