Црква „Св. Недела“ - Солун
Света Недела (грчки: Αγίας Κυριακής) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Света Недела | |
---|---|
Αγίας Κυριακής | |
40°35′49″N 22°58′37″E / 40.59694° СГШ; 22.97694° ИГД | |
Место | Солун |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1959 |
Управа | |
Епархија | Солунска |
Црквата се наоѓа во источниот дел на градот, на раскрсницата на „Амфотери“ и „Агија Киријаки“, на границата со општината Капуџилар-Хортач. Изградена е во 1959 г. Во 1965 г. станала парохиски храм. Во 1976 г. започнала целосна реконструкција на храмот со издолжување на запад и изградба на дополнителни кораби на север и југ. Отворена е на 11 октомври 1981 г. од митрополитот Пантелејмон Солунски. Следната година и нартексот го добил сегашниот облик. До црквата има и културен центар, црковен музеј и други помошни градби.[2]
Градбата претставува трикорабна базилика. Црквата има нов резбан иконостас на местото на стариот мермерен, дело на копаничарот Евгениос Аманатидис, а иконите се дело на Теодорос Вогданос. Старите иконостасни икони ги изработил светогорскиот зограф од Кареја, Серафим Офталмопулос во 1964 г. и денес стојат во музејот. Во храмот од 2004 г. се чуваат дел од моштите на Света Недела.[2][3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Αγία Κυριακή“. Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 10 октомври 2016.
- ↑ 2,0 2,1 „Ιστορικό“. Ιερός Ναός Αγίας Κυριακής. Архивирано од изворникот на 2016-08-13. Посетено на 10 октомври 2016.
- ↑ Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 68.