Црква „Св. Константин и Елена“ - Бубаќево
Свети Константин и Елена (грчки: Αγίου Κωνσταντίνου και Ελένης) — црква во селото Бубаќево, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Свети Константин и Елена | |
---|---|
Αγίου Κωνσταντίνου και Ελένης | |
Поглед на црквата | |
40°52′57″N 22°34′35″E / 40.88250° СГШ; 22.57639° ИГД | |
Место | Бубаќево, Ениџевардарско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | XV - XVI век |
Управа | |
Епархија | Гуменџиско-бојмичко-ругуновска |
Храмот најпрвин е изграден како џамија во XV – XVI век. По иселувањето на муслиманското население и неговата замена со Грци од Источна Тракија, во 1924 г. џамијата е претворена во црква. Направена е од мермерни блокови од античка градба. Има правоаголен план и купола брз осумаголен барабан. Сè до 1950 г. куполата била покриена со оловни листови. Лаковите се заострени.[1]
Во 1924 г. при преобраќањето на џамијата во црква е дограден олтар на исток. Во 1930 г. се додадени припрата и галерија во западниот дел, а напред е направен трем. Две децении подоцна тие се срушени, па црквата е одново изградена како трикорабна базилика, повторно од истиот антички мермер.[1] Иконите во црквата се донесени од храмовите на доселениците во Источна Тракија.[3]
Во 1981 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „19. Ιερός ναός Αγίου Κωνσταντίνου και Ελένης Μεσιάς“. Ανάδειξη των Μεταβυζαντινών Μνημείων στην Μητροπολιτική Περιφέρεια Γουμενίσσης- Αξιουπόλεως - Πολυκάστρου μέ κέντρο τό Δήμο Ευρωπού. Посетено на 23 јуни 2014.[мртва врска]
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΕ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/2135/71/23-1-1981 - ΦΕΚ 99/Β/16-2-1981“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-14. Посетено на 23 октомври 2014.
- ↑ „Μεσιά - Ιερός Ναός Αγ.Κωνσταντίνου και Ελένης“. Enjoy Kilkis. Архивирано од изворникот на 2021-02-26. Посетено на 14 март 2018.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Константин и Елена“ - Бубаќево на Ризницата ?