Црква „Св. Илија“ - Шкрапари
црква во Шкрапари, Костурско
Свети Илија (грчки: Προφήτη Ηλία) — црква во селото Шкрапари, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Свети Илија | |
---|---|
Προφήτη Ηλία | |
40°25′31″N 21°14′9″E / 40.42528° СГШ; 21.23583° ИГД | |
Место | Шкрапари, Костурско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | еднокорабна базилика |
Завршена | 1836 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Рупишко |
Епархија | Костурска |
Црквата се наоѓа на југоисточниот крај на селото. Изградена е во 1836 г. и претставува камена еднокорабна базилика со дрвен покрив. Храмот е долг околу 8 м, широк 6 м и висок 2,5 м. Внатрешноста е проста и делумно живописана. Има двовратен иконостас, поделен на три подрачја и е украсен со убави икони насликани од мајсторот Аргир Михајлов во 1838 г.[1]
Галерија
уреди-
Икона на св. Илија од иконостасот
-
Икона на Богородица со Младенецот од иконостасот
-
Фреска на Богородица Поширока од небесата во олтарната конха
-
Фреска во црквата
-
Икона на св. Димитрија и св. Ѓорѓи, XIX век
-
Пренослива икона на Апостол Павле, 1836 г.
Поврзано
уредиЛитература
уреди- Αλεξίου Τ. Γεώργιος. Ο ναός του προφήτη Ηλία (1836) στο Ασπρονέρι Άργους Ορεστικού. Ο άριστος αγιογράφος Αργύρης Μιχάλη από το χωριό Τσούκα Νεστορίου. περίπου (1790-1850).
Наводи
уреди- ↑ Αλεξίου, Γεώργιος Τ. „Ο ναός του προφήτη Ηλία (1836) στο Ασπρονέρι Άργους Ορεστικού. Ο άριστος αγιογράφος Αργύρης Μιχάλη από το χωριό Τσούκα Νεστορίου. περίπου (1790-1850)“. Посетено на 10 јануари 2015.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Шкрапари на Ризницата ?