Црква „Св. Илија“ - Клисура (Костурско)

црква во Клисура, Костурско

Свети Илија (грчки: Προφήτη Ηλία) — црква кај селото Клисура, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Илија
Προφήτη Ηλία
Црквата над Клисура (најгоре на сликата) со осамено дрво до неа
Карта
40°31′35″N 21°29′13″E / 40.52639° СГШ; 21.48694° ИГД / 40.52639; 21.48694
МестоКлисура, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
ЗавршенаXIX век
Управа
Архијерејско намесништвоГоренско
ЕпархијаКостурска

Местоположба

уреди

Црквата е сместена на 3 км југоисточно од Клисура, на билото на истоимениот врв Свети Илија на планината Мурик.

Историја

уреди

Храмот е изграден во XIX век. На првиот ден на Илинденското востание, Мокренската чета на ВМРО составена од 74 борци на чело со војводата Никола Андреев водела тешка битка со редовна турска војска од 150 војници и грчка чета од 50 борци. Загинале 7 македонски четници — мокренците Ѓорѓи Папастерев, Геле Тегов Пачин, Христо Н. Матин, Тоде Михалин, Динче на Уанката, како и конујците Симо Х. Касабов и Насе Пуљов, кои се погребани во црковниот двор.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Εικονογραφία Εράτυρας – Η Ζωοδόχος Πηγή“. Εράτυρα Κοζάνης. Посетено на 7 октомври 2020.
  2. Симеоновъ, Анастасъ (1931). Мокрени (моето родно село) (PDF). Варна: Печатница „Войниковъ“. стр. 13.