Никола Симеонов Андреев
Никола Симеонов Андреев, познат како Алај беј и Кољо Мокренски (1879-1911) — македонски револуционер, костурски војвода и член на Македонската револуционерна организација.[1]
Никола Симеонов Андреев | ||
Роден | 1879 | |
---|---|---|
Починал | 11 август 1911 |
ЖивотописУреди
Никола Симеонов Андреев бил роден во 1879 година, во селото Мокрени, Костурско. Завршил гимназија во Варна, Бугарија, и стапил во бугарската воена служба. По професија бил учител и новинар. Во 1902 година бил назначен за војвода на чета во Костурско.
За време на Илинденското востание учествувал во заземањето на Невеска и Клисура, заедно со здружените костурски востанички чети. По востанието заминал во Бугарија, но во 1904 година, повторно се вратил во Костурско и дејствувал како војвода на чета до 1907 година.
За време на Младотурската револуција во 1908 година, се повлекол и работел како учител во родното село, но во 1910 година, повторно ја продолжил борбата против турската власт во Македонија.
Убиен е на 11 август 1911 година, од свој соселанец, Турчето.[2]