Црква „Св. Великомаченичка Петка“ - Дебар
Света Великомаченичка Петка — помала црква во градот Дебар, Македонија.[1]
Света Великомаченичка Петка
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Дебарско |
Парохија | Дебарско-реканска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°31′43″N 20°31′46″E / 41.52861° СГШ; 20.52944° ИГД |
Место | Дебар |
Општина | Дебар |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Петка |
Изградба | XIX век |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Црквата се наоѓа на познатата велигденска ливада, каде некогаш велигденското оро се виело една недела.[2]
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во населбата Варош, во горниот дел на градот Дебар, во близина на поголемата црква „Успение на Пресвета Богородица“.
Историја
уредиЦрквата била подигната во текот на XIX век.[3]
Архитектура
уредиПретставува мала црква, изградена на терасеста површина. Црквата претставува еднокорабна градба, на која од западната страна е додадена затворена припрата, преку која се влегува во внатрешноста на црквата.[4]
Црквата е градена од камен и е покриена со лим, и надворешно на среде црква е поставена купола изработена со лим.
Пред влезот во припратата е поставена метална конструкција со една камбана.
Галерија
уреди-
Старата црква
-
Камбанаријата
-
Влезот
-
Ниша со фреска над влезот
-
Апсидата
-
Куполата
Поврзано
уреди- Дебарско архијерејско намесништво
- Дебарско-реканска парохија
- Дебар
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ ― изградена во XIX век;
- Црква „Св. Преподобна Петка“ ― изградена во XIX век;
- Црква „Св. Недела“ ― изградена во XX век;
- Црква „Св. Никола“ ― изградена во XX век; и
- Црква „Св. Преображение“ ― изградена во XX век.
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 35.
- ↑ „Богослужба во црквата „Света Петка" во стариот дел на Дебар, каде со векови се виело велигденското оро“. МИА. Архивирано од изворникот на 2022-12-10. Посетено на 2022-12-10.
- ↑ „archive.ph“. archive.ph. Архивирано од изворникот на 2012-07-29. Посетено на 2022-12-10.
- ↑ Дебарско-кичевска епархија: 1967-2017. Охрид: Дебарско-кичевска епархија. 2017. стр. 573. ISBN 978-608-4657-34-7.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Великомаченичка Петка“ - Дебар на Ризницата ?