Црква „Св. Богородица Балаклија“ - Оризари

црква во селото Оризари

Света Богородица Балаклија (или Пресвета Богородица Балаклија) — главна манастирска црква на манастирот Добра Вода во кочанското село Оризари, Македонија.

Света Богородица Балаклија

Поглед на црквата во 2023 година

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Кочанско
Парохија Оризарска
Местоположба

Карта

Координати 41°56′16″N 22°27′35″E / 41.93778° СГШ; 22.45972° ИГД / 41.93778; 22.45972
Место Оризари
Општина Кочани
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пресвета Богородица
Изградба 1974
Осветување 1 мај 1992
5 ноември 2023
Архитектонски опис

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа над денешното Оризари, додека во минатото црквата била над некогашното село Витоша.[1]

Во близина на црквата се наоѓа изворот Добра Вода, по кого е и наречен целиот манастир.[1] За изворот се верува дека е лековита вода.

Историја

уреди

Истражувачот Јован Трифуноски наведува дека на месноста Бела Црква, североисточно од денешното село, постоеле остатоци на срушена црква. Од црквата биле видливи ѕидови високо до 60 центиметри, а црквата била долга 8 и широка околу 4 метри. На ѕидовите се познавале и фрагменти од фрескоживопис.[1]

Храмот бил изграден во 1974 година на темелите од старата црква, а бил осветен на 1 мај 1992 година од страна на митрополитот Брегалнички г. Стефан.[2]

Црквата била преосветена од страна на митрополитот Брегалнички г. Иларион на 5 ноември 2023 година откако истиот бил целосно обновен, фрескоживописан и добил нов иконостас.[3]

Архитектура

уреди

Фрескоживопис

уреди

Црквата поседува целосно нов фрескоживопис.

Иконостас и икони

уреди

При обновата на црквата добила целосно нов иконостас.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска котлина : сеоска насеља и становништво. Скопје: Универзитетска печатница. стр. 103. OCLC 16745284.
  2. „Брегалничка епархија“. bregalnickaeparhija.org.mk. Посетено на 2024-11-07.
  3. Велкова, Тања (2023-11-05). „Манастирот посветен на Пресвета Богородица – Добра вода Оризари со нови фрески и иконостас, Владиката Иларион изврши преосветување - сито.мк“. Посетено на 2024-11-07.

Надворешни врски

уреди