Добра Вода (манастир)
Оризарски манастир — манастир во близина на кочанското село Оризари.
Поглед на манастирскиот двор | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Манастир „Св. Богородица Балаклија“ - Оризари |
Други имиња | Оризарски манастир |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Пресвета Богородица |
Епархија | Брегалничка |
Цркви | „Св. Богородица Балаклија“ |
Личности | |
Место | |
Место | село Оризари, Општина Кочани, Македонија |
Координати | 41°56′17″N 22°27′35″E / 41.93806° СГШ; 22.45972° ИГД |
Видливи остатоци | 1 црква, трпезарија, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Оризарска парохија) |
Местоположба
уредиМанастирот се наоѓа надвор од селото, во североисточна насока. До него во 2021 година бил изграден локален асфалтен пат од Оризари.[1]
Историја
уредиМанастирот се наоѓа во близина на месноста Бела Црква, на која во минатото постоела црква и која имала видливи ѕидови.[2]
Манастирот и црквата биле целосно обновени во 2023 година, кога манастирската црква била и преосветена.[3]
Градби во манастирот
уредиМанастирот е составен од црквата „Св. Богородица Балаклија“, трпезарија и помошни објекти.
Црква „Св. Богородица Балаклија“
уредиЦрквата била подигната во 1940 година.
Особености
уредиМанастирот е раководен од страна на домаќинот Стефан Смилков.[3]
Во непосредна близина се наоѓа изворот Добра Вода, по кого е и наречен самиот манастир, за кој се верува дека има лековита вода.[3]
Галерија
уреди-
Трпезаријата
-
Чешми
-
Помошен објект
-
Свеќарници и икони
-
Помошен објект
-
Печка
-
Помошен објект
Наводи
уреди- ↑ „Пуштен во употреба локалниот пат од Оризари до манастирот „Пресвета Богородица" во Добра Вода“. aktuelnosti.mk. Посетено на 2024-11-07.
- ↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска котлина : сеоска насеља и становништво. Скопје: Универзитетска печатница. стр. 103. OCLC 16745284.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Велкова, Тања (2023-11-05). „Манастирот посветен на Пресвета Богородица – Добра вода Оризари со нови фрески и иконостас, Владиката Иларион изврши преосветување - сито.мк“. Посетено на 2024-11-07.
Надворешни врски
уреди- Добра Вода (манастир) на Ризницата ?