Охридски чинар

познато дрво во Охрид
(Пренасочено од Чинар (Охрид))

Охридски чинар (Стар чинар или само Чинарот) — најголемото и едно од најстарите дрва во градот Охрид, позната знаменитост на градот, прогласено за споменик на природата на Македонија.[1]

Охридски чинар
МСЗП — Категорија III (споменик на природата)
МестоОхрид, Македонија
Координати41°6′57.6″N 20°48′0.9″E / 41.116000° СГШ; 20.800250° ИГД / 41.116000; 20.800250
Воспоставен(а)2017 (2017)

Тој е од видот чинар (Platanus orientalis).[2] Сместен е на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“, на плоштадот „Крушевска Република“ спроти Џељовата магаза.

Историја

уреди

Според преданието, чинарот е засаден од Климент Охридски во IXX век. Според други легенди, чинарот е засаден околу XV век.[2] Во 2012 година во лоши временски услови отцепени се голема гранка и дел од стеблото, по што е извршена делумна заштита. Подоцна во декември истата година дрвото одново настрадало во невреме.[2][3] Во септември 2017 година Советот на Општина Охрид го усвоил проектот за прогласување на Чинарот за споменик на природата и негова заштита.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Чинарот ќе биде прогласен за споменик на природата“. MKnews.mk. 16 септември 2017. Посетено на 21 октомври 2017.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Охридскиот чинар низ вековите“. volino.mk. 24 декември 2012. Архивирано од изворникот на 2017-10-21. Посетено на 2022-03-05.
  3. „Се скрши Чинарот во Охрид“. ЗаСе. декември 2012. Посетено на 6 март 2022.
  4. „Стариот охридски Чинар во процедура за споменик на природата“. Нова ТВ. 16 септември 2017. Архивирано од изворникот на 2022-06-25. Посетено на 21 октомври 2017.