Црква „Св. Атанасиј“ - Стругово

црква во Стругово, Демирхисарско

Св. Атанасијцрква во демирхисарското село Стругово, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Свети Атанасиј
македонска православна црква
Епархија Крушевско-демирхисарска
Парохија Демирхисарска
Местоположба

Карта

Координати 41°12′02.4″N 21°10′52.6″E / 41.200667° СГШ; 21.181278° ИГД / 41.200667; 21.181278
Место Стругово
Општина Демир Хисар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Атанасиј Александриски
Изградба XIX век
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна базилика
Стил преродбенички

Црквата е гробишен храм сместен на северниот крај на селото. Изградена е и живописана на крајот од XIX век од крушевски мајстори. Претставува трикорабна базилика покриена со дрвен свод во средишниот кораб. Подоцна западниот ѕид е урнат и храмот е продолжен. На запад му е прилепена куловидна камбанарија, а над дводот е изградена мала купола на осумстран барабан. Ѕидана е од кршен камен, а венецот, аглите и вратите се од делкан бигор. Покривот е на две води со ќерамиди, а куполата е покриена со лим. Фасадите се фугирани.[1][2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 86. ISBN 978-608-65616-4-2.
  2. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија (PDF). Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 24. ISBN 978-608-65143-2-7. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-01-24. Посетено на 2021-12-19.