Црква „Св. Архангел Михаил“ - Автокоманда
Свети Архангел Михаил кај народот позната и по првобитното српско име Храм Славе — македонски православен храм во Автокоманда, Скопје.[1]
Свети Архангел Михаил
| |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Скопска |
Архијерејско намесништво | Северноскопско |
Местоположба | |
---|---|
Место | Автокоманда, Скопје |
Општина | Гази Баба |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Архангел Михаил |
Изградба | 1927 (сегашен објект) |
Завршено | 1932 |
Осветување | 1933 |
Живопис | 1933 |
Ктитор | Александар Караѓорѓевиќ |
Мрежно место | Официјално мрежно место |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Историја
уредиСегашната црква била подигната на темелите на постара црква во 1927 година. Во 2006 година е реновиран надворешниот дел на црквата. Карактеристичен за оваа црква е мермерниот иконостас, кој бил поставен уште кога се градела црквата. Таков иконостас, кој е многу скап и тежок за обработка, многу ретко се наоѓа во македонските цркви. Специфичен е и релјефот на “Св. Архангел” поставен на надворешниот горен дел, веднаш над влезната врата во црквата. Во составот на црквата се наоѓа и црковниот параклис “Покров на Пресвета Богородица”, каде извира, според верувањата, света и чудотворна вода. Изградена е во средината на XVIII век. Во 1995 година била изградена и осветена мала црковна крстилница посветена на “Светите бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан”. Во склопот на црквата се наоѓаат и англиските воени гробишта од Првата светска војна.
Поврзано
уреди- Автокоманда
- Црква „Покров на Пресвета Богородица“ - Автокоманда - црква параклис во дворот на црквата „Св. Архангел Михаил“;
Наводи
уреди- ↑ „Св. Архангел Михаил - н. Автокоманда“. Скопска епархија. 29 март 2010. Архивирано од изворникот на 2011-12-22. Посетено на 2012-03-26.
Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
„Црква „Св. Архангел Михаил“ - Автокоманда“ на Ризницата ? |