Свети Кузман и Дамјан

ранохристијански браќа-маченици, родени во Арабија
(Пренасочено од Кузман и Дамјан)

Светите Кузман и Дамјан, наречени Свети Бессребреници — христијански маченици, по занимање лекари, бессребреници и чудотворци. Тие биле браќа родени во Арабија, од непобожен татко и мајка христијанка. Таткото им умрел додека биле деца, а мајка им ги одгледала во христијанскиот дух. Од Господ добиле дар за исцлување на разни болести, и како што тој дар го добиле бесплатно и самите бесплатно ги лечеле луѓето, па затоа и луѓето им го дале името бессребреници.

Свети Кузман и Дамјан
Икона на Свети Кузман (лево) и Дамјан (десно)
кои држат кутии со лекови и лажици за давање на лекови
маченици
Роден(а) 3 век н.е., Арабија
Починал(а) околу 287 н.е., Егеј, Римска провинција Сирија
Слава
Заштитништво хирурзи, лекари, стоматолози, фармацевти

Наводи уреди