Црква „Св. Петар и Павле“ - Ѓорче Петров
Свети Апостоли Петар и Павле — црква во населбата Ѓорче Петров во Скопје[1]. Храмот е посветен на апостолите Петар и Павле и се наоѓа на крајот на самиот парк, веднаш до амбулантата, противпожарната служба и крстосницата која води кон населбата Даме Груев (Геге) и Волково. Црквата доминира со својата импозантна големина. Фасадата обложена со кршен камен е направена во поново време (2002 година) од мајстори Македонци од Пустец во Мала Преспа. Над влезната врата стои македонското 16-зрачно сонце од Кутлеш. Храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“, што се наоѓа во населбата Ѓорче Петров, како соборен храм на верници од Општина Ѓорче Петров и на дел од Општина Карпош (Влае). Овој храм е првично изграден и осветен летото 1974 година на храмовиот празник - Петровден. Но заради лошата изведба и несоодветниот изглед, се јави потреба за негово реконструирање. Конечно во летото 2002 година Храмот беше реконструиран. Новиот изглед на грамот е со византиско-старомакедонски стил, со фасада изработена од камен и со нови 4 куполи. Сегашниот изглед на храмот “Св.Апостоли Петар и Павле” - Ѓорче Петров е уште еден бисер во македонската духовна архитектура.
Свети Апостоли Петар и Павле
| |
Црквата „Свети Апостоли Петар и Павле“ во населбата Ѓорче Петров во Скопје | |
македонска православна црква | |
Епархија | Скопска |
Архијерејско намесништво | Северноскопско |
Парохија | Ѓорчепетровска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Скопје |
Општина | Ѓорче Петров |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Апостол Петар Свети Апостол Павле |
Изградба | 1974 |
Архитектонски опис |
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
уреди- Св. Петар и Павле на Ризницата ?
Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |