Црква „Св. Апостоли“ - Солун

црква во Солун

Свети Апостоли (грчки: Αγίων Αποστόλων) — средновековна црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Во 1988 г. е прогласена за светско наследство на УНЕСКО како дел од Ранохристијанските и византиски споменици во Солун.[2][3][4]

Свети Апостоли
Αγίων Αποστόλων
Поглед на црквата
Карта
40°38′34.22″N 22°56′15.17″E / 40.6428389° СГШ; 22.9375472° ИГД / 40.6428389; 22.9375472
МестоСолун
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типкрстокуполен храм
Завршена1312 - 1315
Управа
ЕпархијаСолунска
Илустрација на црквата од Мери Аделаид Вокер, 1864 г.

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа на почетокот на улицата „Олимпос“, на истоимениот плоштад „Свети Апостоли“ близу западните градски ѕидови и урнатата Литиска порта.[4]

Историја

уреди

Храмот е изграден меѓу 1312 и 1315 г. од патријархот Нифонт I (1310 – 1314) како црква на машкиот манастир „Пресв. Богородица Скоропослушница“. Основачот е спомнат на надвлезниот натпис како „Πατριάρχης και κτήτωρ“ („Патријарх и ктитор“) и на керамопластичните натписи на западниот и јужниот ѕид. Натписот на источниот ѕид ги споменува истиот патријарх и неговиот ученик, игуменот Павле како прв и втор ктитор на манастирот.[4]

Иконографијата во храмот е со висока уметничка вредност.[1]

За време на османлиското владеење црквата е претворена муслимански храм под името „Соук-су џамија“.[5]

Живопис

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Ναός Αγίων Αποστόλων, Θεσσαλονίκη“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Архивирано од изворникот на 2021-09-28. Посетено на 28 мај 2014.
  2. „Paleochristian and Byzantine Monuments of Thessalonika“. UNESCO. Посетено на 11 јули 2016.
  3. „ΠΑΓΚΟΣΜΙΑ ΠΟΛΙΤΙΣΤΙΚΗ ΚΛΗΡΟΝΟΜΙΑ UNESCO: Παλαιοχριστιανικά και Βυζαντινά μνημεία Θεσσαλονίκης“ (грчки). Hellenic National Commission for UNESCO. Архивирано од изворникот на 2016-12-24. Посетено на 11 јули 2016. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  4. 4,0 4,1 4,2 „Ναός Αγίων Αποστόλων, Θεσσαλονίκη“. Greek Orthodox Religious Tourism. Посетено на 24 октомври 2016.
  5. Papagiannopoulos, Apostolos. Monuments of Thessaloniki, Rekos ltd., 2015, p.73

Надворешни врски

уреди