Мери Аделаид Вокер

Мери Аделаид Вокер била британска патеписка и уметница.

Биографија

уреди
 
Охрид
 
Манастирот Свети Наум

Нејзиниот брат, Чарлс К'ртис, бил свештеник во Цариград во 1850-те години, и таа најверојатно пристигнала во градот по крајот на Кримската војна. Мери останала на Исток приближно 40 години. Во Цариград се запознала со Емили Хорнби и ја илустрира нејзината книга „Константинопол за време на Кримската војна“.

Во 1860 нејзиниот брат добил позиција на викар во Солун. Таа заминала заедно со брат ѝ, и преку Дарданелите, Кавала и Филипи пристигнала во Солун. Од Солун патувала кон Ениџе Вардар, Воден, Битола, Охрид, Лерин и Костур.

Напишала и илустрирала најмалку две книги за Македонија:

  • Стари траги и нови обележја, попатни скици од Крит, Македонија, Митилена, итн. (Old tracks and new landmarks, wayside sketches in Crete, Macedonia, Mitylene, etc.) - објавена во 1896 ( во кој што го опишува и илустрира животот во Охрид, Битола и Егејска Македонија)
  • Низ Македонија кон Албанските Езера (Through Macedonia to the Albanian Lakes) - објавена во 1864 во која исто ги опишува југозападните делови на Македонија.

Починала во 1905 година.