Саат-кула (Ресен)
поранешна саат-кула во Македонија
Саат-кула (Ресен) — поранешно времемерно здание во градот Ресен.[1]
Саат-кула Ресен | |
---|---|
Цртеж на саат-кулата во Ресен од британската истражувачка Едит Дарем, 1905 г. | |
Општи податоци | |
Стил | османлиска архитектура |
Град | Ресен |
Земја | Македонија |
Урната | 1908 |
Била сместена во центарот на градот, во срцето на чаршијата.
Историја
уредиНе се знае кога била изградена. Истата изгорела во 1908 година за време на Младотурската револуција, кога ресенската чаршија била запалена од Нијази-бег.[1]
Српскиот патописец Јован Хаџи Василевиќ го посетил Ресен двапати, во 1897 и 1912 година. Во неговото дело „Ресен и неговата околина“, објавено во 1927 година, за ресенската саат-кула напишал дека ѕвоното на кулата е донесено од страна на Турците од црква кај Лева Река.[2]
Обнова
уредиВо 2012 година, градот Ресен решил да постави часовник на камбанаријата на градската црква „Св. Ѓорѓи“.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Димовска-Чоловиќ, Мирјана (2008). Саат кулите во Република Македонија (PDF). Скопје: Национален конзерваторски центар-скопје; Едиција Културно-историско наследство на Република Македонија. стр. 114. ISBN 978-9989-131-08-0.
- ↑ 2,0 2,1 „И Ресен имал своја саат-кула“. Општински Информативен Центар - Ресен. Архивирано од изворникот на 2019-05-01. Посетено на 2019-05-01.