Црква „Св. Ѓорѓи“ - Гуменџе
Свети Ѓорѓи (грчки: Ἱερός Ναός Ἁγίου Γεωργίου) — црква во гратчето Гуменџе, Ениџевардарско, Егејска Македонија, катедрален храм на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Ѓорѓи | |
---|---|
Άγιος Γεωργίου | |
Западната фасада | |
40°56′47″N 22°27′4″E / 40.94639° СГШ; 22.45111° ИГД | |
Место | Гуменџе, Ениџевардарско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1862 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Гуменџиско |
Епархија | Гуменџиско-бојмичко-ругуновска |
Историја
уредиЦрквата е изградена во 1864-1869 г. според натписот на неа, со средства и труд на мештаните. Од крајот на XIX до почетокот на XX век црквата била во ацете на Гуменџиската грчка црковна општина. Сè до 1991 г. била парохиска црква на Гуменџе,[2] а потоа станала катедрала на новата митрополија.[1]
Во 1991 г. храмот е прогласен за споменик на културата.[2][3]
Во март 2012 г. започнал целосен ремонт на црквата, кој завршил во 2016 г.[1]
Опис
уредиХрамот претставува импресивна трикорабна базилика која потсетува на црквите „Св. Ѓорѓи“ во Цариград (главната патријаршиска катедрала), „Св. Мина“ во Солун и „Св. Антониј Нов“ во Бер.[1] Има галерија и трем од југ, запад и север. Има димензии од 33,8 × 22,7 м, не сметајќи ги конхите на олтарот. Корабите се поделени со колонади од седум пара столбови, при што последната е зад олтарот и е неоформена. Црквата има богата резбана внатрешност — иконостас, владички престол, балдахини, чесна трпеза, амвон и проскинитар.[4][2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Εκκλησίες που έχουν κηρυχτεί μνημεία“. Στα Πλάγια Παιονίας. Посетено на 17 февруари 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „1. Ιερός ναός Ἁγίου Γεωργίου Γουμένισσης“. Ανάδειξη των Μεταβυζαντινών Μνημείων στην Μητροπολιτική Περιφέρεια Γουμενίσσης- Αξιουπόλεως - Πολυκάστρου μέ κέντρο τό Δήμο Ευρωπού. Посетено на 25 јуни 2014.[мртва врска]
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/27292/494/27-6-1991 - ΦΕΚ 837/Β/11-10-1991“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-14. Посетено на 23 октомври 2014.
- ↑ „Ενορία Ι.Ν Αγίου Γεωργίου Γουμένισσας“. Ενορία Ι.Ν Αγίου Γεωργίου Γουμένισσας. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 25 јуни 2014.