Црква „Св. Мина“ - Солун
Свети Мина, Виктор и Викентиј (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Μηνά) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Мина | |
---|---|
Αγίου Μηνά | |
Поглед на црквата | |
40°38′8.39″N 22°56′22.62″E / 40.6356639° СГШ; 22.9396167° ИГД | |
Место | Солун |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Мреж. место | agiosminas.gr |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | XIX век |
Управа | |
Епархија | Солунска |
Црквата се наоѓа во приморскиот дел на градскиот центар, на раскрсницата меѓу улиците „Василевс Ираклио“ и „Јон Драгумис“. Спомената е во житието на Свети Григориј Декаполит од првата половина на IX век. Веројатно е изградена во ранохристијанско време, поточно од крајот на V до почетокот на VI век. Во светогорските архиви има споменувања на храмот од XI, XII, XIV и XV век. По османлиското освојување на градот, храмот бил еден од малкуте кои не биле претворени во џамии. Во 1569 г. султанот Селим II извадил шест столбови од него. Во 1687 г. за време на Морејската војна црквата настрадала во бомбардирање од венецијанската флота. Во XVIII век храмот речиси наполно изгорел и обновен е во 1806 г. по иницијатива на трговецот Јоанис Кафтанѕоглу, за одново да пострада во голем пожар во 1839 г.[1]
Денешниот изглед црквата го добила со полна реконструкција во средината на XIX век, под раководство на архитектот Ралис Пљуфас. Претставува трикорабна базилика типична за тоа време. Внатрешноста е богато украсена и има разни влијанија, вклучуајќи од неокласицизмот и барокот и рококото. Меѓу 1890 и 1912 г. била катедрална црква на Солунската епархија.[1]
Галерија
уреди-
„Богородица со Младенецот“, Матеј Зограф, 1852 г.
-
„Христос Седржител“, Матеј Зограф, 1852 г.
-
Внатрешноста на храмот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Άγιος Μηνάς“. Thessaloniki 4 all. Архивирано од изворникот на 2022-07-23. Посетено на 6 јули 2016. Text "Your Thessaloniki" ignored (help)
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Мина“ - Солун на Ризницата ?
- Мрежно место на црквата (грчки)