Црква „Свети Никола“ - Демре

Црква „Свети Никола“ — древна источноримска базилика во древниот град Мира, сега музеј сместен во денешно Демре, покраина Анталија, Турција. Изградена е над гробното место на Свети Никола, христијански епископ од Мира од 4 век,[1][2] важна верска личност за источните православни христијани и римокатолиците и историско вдахновение за Дедо Мраз.[3] Нејзината употреба датира од нејзината изградба во 6 век за државната црква на Римското Царство од Јустинијан Велики. Базиликата е на пробниот список на УНЕСКО за да стане светско наследство.[4]

Црква „Свети Никола“
Црквата „Св. Никола“
Основни податоци
МестоДемре, Анталија, Турција
Координати36°14′41″N 29°59′08″E / 36.24467° СГШ; 29.98543° ИГД / 36.24467; 29.98543
ПрипадностХристијанство
СтатусМузеј
Фреска на таванот

Историја

уреди

Црквата била изградена во 520 година од нашата ера на темелите на една постара христијанска црква каде Свети Никола служел како епископ.[5] Јустинијан Први придонел за нејзината обнова.[6] Забележан е по своите исклучителни ѕидни фрески и неговото архитектонско и верско значење.[5]

Со текот на времето црквата била поплавена и исполнета со тиња. Во 1862 година била обновена од рускиот цар Николај I, кој додал кула и направил други промени во нејзината византиска архитектура. Црквата продолжила да работи до нејзиното конечно напуштање од страна на Православната црква во 1923 година, кога преостанатите Грци од Демре заминале со размената на населението меѓу Грција и Турција.

Археолошки ископувања

уреди

Археолошките ископувања во црквата започнале во 1988 година под раководство на проф. С. Јилдиз Отукен од Универзитетот Хаџетепе, Анкара, Турција. Ископувањата откриле дел од северниот дел на манастирскиот комплекс, а исто така и мали капели околу наосот, од кои една содржи особено живописни фрески со поединости од животот и чудата на светителот, како и осквернавен саркофаг за кој се смета дека е првичното погребно место од кое неговите останки биле присилно пренесени во Бари во 1087 година.[7]

Украсување

уреди

Североисточната аркадна припрата го содржи единствениот пример на животниот пат на Свети Никола прикажан на древните фрески во Турција.[3]

Opus sectile

уреди

Во црквата се сочувани делови украсени со техника опус сектиле.

Литургија

уреди

Повремено, на 6 декември по јулијанскиот календар (19 декември по грегоријанскиот календар), во црквата се служи православна богослужба.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Domenico, Roy Palmer (2002). The regions of Italy: a reference guide to history and culture. Greenwood Publishing Group. стр. 21. ISBN 0-313-30733-4. Saint Nicholas (Bishop of Myra) replaced Sabino as the patron saint of the city… A Greek from what is now Turkey, he lived in the early fourth century.
  2. Burman, Edward (1991). Emperor to emperor: Italy before the Renaissance. Constable. стр. 126. ISBN 0-09-469490-7. For although he is the patron saint of Russia, and the model for a northern invention such as Santa Claus, Nicholas of Myra was a Greek.
  3. 3,0 3,1 „Demre Statues“. St. Nicholas Center. Посетено на 17 декември 2018.
  4. „St. Nicholas Church“. UNESCO World Heritage Centre (англиски). Посетено на 17 декември 2018.
  5. 5,0 5,1 „St. Nicholas Church Myra/Demre“. www.stnicholascenter.org. St. Nicholas Center.
  6. Van Dam, Raymond (2008). Ashbrook Harvey, Susan; Hunter, David G. (уред.). The East (1): Greece and Asia Minor. The Oxford Handbook of Early Christian Studies. Oxford University Press. стр. 335. doi:10.1093/oxfordhb/9780199271566.003.0017. ISBN 978-0199271566.
  7. For the story of the translation of the bones see: Charles W. Jones, "Saint Nikolaos of Myra, Bari, and Manhattan: Biography of a Legend" (Chicago: University of Chicago Press) 1978, ISBN 978-0-226-40700-5, pp. 176-193.

Надворешни врски

уреди