Црква „Раѓање на Пресвета Богородица“ - Пекљани

црква во селото Пекљани

„Раѓање на Пресвета Богородица“ — верски храм кој се наоѓа во село Пекљани, Општина Виница.

Раѓање на Пресвета Богородица

селска црква во Пекљани

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Кочанско
Парохија Блатечка
Местоположба

Карта

Место Пекљани
Општина Виница
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пресвета Богородица
Изградба 1913
Осветување 1974 од Митрополит Злетовско-струмички Наум
Живопис нема
Зограф непознат
Водство свештеник Орце Пешов
Архитектонски опис

Историја

уреди

Црквата Св. Пресвета Богородица (Мала Богородица) во с. Пекљани е изградена како еднокорабна градба од жителите на селото во 1913 година, на местото каде имало џамија која селаните ја запалиле и срушиле во 1912 год. На истото место претходно постоела постара црква која Турците ја срушиле. Годината на изградба е врежана во ѕидот на црквата над влезната врата. Црквата има повеќе предмети од периодот пред да се изгради, меѓу кои е сребрениот крст на кој е напишана годината на изработка 1890 година и дарителите. Тоа е потврда дека на ова место пред да се разруши џамијата постоела христијанска црква.[1]

Живопис

уреди

Храмот не е фрескоживописан. Иконите и иконостасот се завршени во 1930 година од кочански уметници и Ѓорѓи Зографски од Велес кој се потпишал на иконата “Рождество на Пресвета Богородица’’. Иконостасот во црквата е направен на 4 спрата во кој се сместени 61 икона.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Музеј Виница“. Архивирано од изворникот на 2011-11-02. Посетено на 2011-10-31.