Црква „Пресвета Богородица Нова“ - Солун
Пресвета Богородица Нова (грчки: Ιερός Ναός της Νέας Παναγίας) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Пресвета Богородица Нова | |
---|---|
Νέας Παναγίας | |
Поглед на црквата од југ | |
40°37′43.23″N 22°56′55.11″E / 40.6286750° СГШ; 22.9486417° ИГД | |
Место | Солун |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1727 |
Управа | |
Епархија | Солунска |
Црквата се наоѓа во крајбрежното подрачје југоисточно од градскиот центар, на почетокот на улица „Димитрис Гунарис“ и меѓу улиците „Цимискис“ и „Митрополис“. Во минатото се нарекувала „Пресв. Богородица Голема“ (Μεγάλη Παναγία, Τρανή Παναγία). Изградена е во 1727 г. според мермерниот натпис над јужната врата. На нејзино место се наоѓал манастирот „Пресв. Богородица“, основан од Иларион Мацунис и запален во 1690 г.[1] Во 1727 г. е изработен живописот, дело на Давид Селеница.[2]
Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква. На западната страна има трем, а на јужната има подоцна дограден неокласичен портик со камбанарија над него. Во 1978 г. камбанаријата настрадала во земјотрес, и потоа изградена одново. Внатрешноста има зачувани вредни украси. Во жртвеникот и во женската црква има забележителни фрески од XVIII век, изработени во духот на палеолошката уметност. Резбаниот иконостас е позлатен. Владичкиот престол, амвонот и таванските фрески се од XIX век.[1] Иконата на Богородица Слаткољубива е дело на Јоанис Папаталасиу.[3]
Галерија
уреди-
„Свети Модест“, икона на Никола Одринец од 1860 г.
-
„Светите земји“
-
Поглед од запад
-
Внатрешноста
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Νέα Παναγία“. Thessaloniki 4 all. Архивирано од изворникот на 2022-07-27. Посетено на 5 јули 2016. Text "Your Thessaloniki" ignored (help)
- ↑ Δρακοπούλου, Ευγενία (2010). Έλληνες ζωγράφοι μετά την Άλωση (1450-1850), τόμος 3, Αβέρκιος - Ιωσήφ (Συμπληρώσεις-Διορθώσεις). Αθήνα: Ινστιτούτο Νεοελληνικών Ερευνών / Εθνικό Ίδρυμα Ερευνών. стр. 229. ISBN 978-960-7916-94-5. Архивирано од изворникот на 2021-10-29. Посетено на 2022-07-24.
- ↑ Δρακοπούλου, Ευγενία (2010). Έλληνες ζωγράφοι μετά την Άλωση (1450-1850), τόμος 3, Αβέρκιος - Ιωσήφ (Συμπληρώσεις-Διορθώσεις). Αθήνα: Ινστιτούτο Νεοελληνικών Ερευνών / Εθνικό Ίδρυμα Ερευνών. стр. 341. ISBN 978-960-7916-94-5. Архивирано од изворникот на 2021-10-29. Посетено на 2022-07-24.
Надворешни врски
уреди- Црква „Пресвета Богородица Нова“ - Солун на Ризницата ?