Црква „Пресвета Богородица Неракотворна“ - Солун
Пресвета Богородица Неракотворна (грчки: Παναγία Αχειροποίητος) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Од 1988 г. црквата е дел од светското наследство на УНЕСКО како дел од Ранохристијанските и византиски споменици во Солун.[2][3]
Пресвета Богородица Неракотворна | |
---|---|
Παναγία Αχειροποίητος | |
Поглед на црквата | |
40°38′5.9″N 22°56′52.3″E / 40.634972° СГШ; 22.947861° ИГД | |
Место | Солун |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | V век |
Управа | |
Епархија | Солунска |
Местоположба
уредиХрамот се наоѓа на главната солунска улица „Егнатија“, во западниот крај на античката агора.
Историја
уредиСпоред тулите и мозаиците, црквата датира од околу 450–470 г. Храмот претрпил архитектонски уште во VII век, а поозбилни промени датират од доцновизантискиот период во XIV – XV век. Црквата е трикорабна базилика со дрвени настрешници на покривот, која завршува на исток со полукружна апсида. Останати се неколку мозаици од V век, кои се истакнуваат поради високата уметничка изведба. Има живопис од XIII век. Црквата е изградена врз римска бања. Базиликата се споменува во писмени извори како црквата на Дева Марија, па дури и како Голема катедрала на Успението Богородично. Името Неракотворна (Ахиропиитос) е за првпат посведочено во документ од 1320 г.[1]
„Пресвета Богородица Неракотворна“ е првата црква претворена во џамија веднаш по освојувањето на Солун во 1430 г. од Мурат II и останала џамија во текот на целото османлиско владеење под името Ески Џума[4] или Ески-џамија (Стара џамија). Иако претрпела доста обнови во нејзината долга историја, црквата се смета за еден од најдобро зачуваните и значителни примери за типичните базилики со галерии од византискиот период.[1]
Натписот од султанот Мурат е зачуван во северната колонада, на осмиот столб од исток.[5]
Библиографија
уреди- B. Fourlas, Die Mosaiken der Acheiropoietos-Basilika in Thessaloniki. Eine vergleichende Analyse dekorativer Mosaiken des 5. und 6. Jahrhunderts, Millennium-Studien 35, Berlin 2012. ISBN 978-3-11-027838-5
- Θ.Παπαζώτος, Βυζαντινά και Μεταβυζαντινά μνημεία της Θεσσαλονίκης, Ρεκος, Θεσσαλονίκη 1997, ISBN 978-960-358-099-7 (σ. 59-67)
- Ε.Κουρκουτίδου-Νικολαϊδου & Α.Τουρτα, Περίπατοι στη Βυζαντινή Θεσσαλονίκη, Καπον, Αθήνα 1997, ISBN 960-7254-46-5 (σ. 184-195)
- Χρίστος Ζαφείρης, Θεσσαλονίκης Εγκόλπιον, Εξάντας, Αθήνα 1997, ISBN 960-256-301-X, (σ. 106-111)
- Καραμπατζάκης Παναγιώτης, Ακουστικές μετρήσεις σε 11 βυζαντινούς ναούς της Θεσσαλονίκης.
- Weitzmann, Kurt, ed., Age of spirituality: late antique and early Christian art, third to seventh century, no. 587, 1979, Metropolitan Museum of Art, New York, ISBN 978-0-87099-179-0
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Αχειροποίητος“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Архивирано од изворникот на 2016-08-16. Посетено на 2 јуни 2014.
- ↑ „Paleochristian and Byzantine Monuments of Thessalonika“. UNESCO. Посетено на 11 јули 2016.
- ↑ „ΠΑΓΚΟΣΜΙΑ ΠΟΛΙΤΙΣΤΙΚΗ ΚΛΗΡΟΝΟΜΙΑ UNESCO: Παλαιοχριστιανικά και Βυζαντινά μνημεία Θεσσαλονίκης“. Hellenic National Commission for UNESCO. Архивирано од изворникот на 2016-12-24. Посетено на 11 јули 2016. Занемарен непознатиот параметар
|език=
(help) - ↑ Papagiannopoulos, Apostolos. Monuments of Thessaloniki, Rekos ltd., 2015, p.54
- ↑ Kourkoutidou-Nikolaidou, E.; Tourta, A. (1997). Wandering in Byzantine Thessaloniki. Kapon Editions. стр. 185–191. ISBN 960-7254-47-3.
Надворешни врски
уреди- Црква „Пресвета Богородица Неракотворна“ - Солун на Ризницата ?