Опсада на Солун (1422–1430)

Опсадата на Солун од страна на Османлите се одвила од 1422 година до 1430 година. Опсадата била успешна за Османлиите, кои биле раководени од страна на Мурат II. По Битката кај Анкара, Османлискиот султанат влегол во криза. Синовите на Бајазит I започнале војна за престолот. Византија од друга страна го искористила ова, успевајќи да го врати Солун под своја надлежност. Градот Солун бил голем центар во Византија, и втор по големина по Цариград.

Османлиска опсада на Солун
Дел од Османлиско-византиски војни и Османлиско-венецијански војни

Градските ѕидини на Солун
Датум 1422–1430
Место Солун
Исход Османлиска победа
Завојувани страни
 Византија (1422–23)
 Венецијанска Република

(1423–30)

 Османлиско Царство
Жртви и загуби
2000-7000 непознато

По доаѓањето на власт на Мурат II, тој сакал да се одмазди на Византија главно поради тоа што таа била еден од потикнувачите на граѓанската војна која се создала во султанатот. Така, на пристаништето на Солун, Мурат се нашол во 1422 година.[1] За да се заштити подобро, Византија и го дала градот на Венецијанската Република.[2][3] Турците својата опсада ја одржиле до 1430 година кога го нападнале градот а потоа и го зазеле.[4]

Наводи

уреди
  1. John Julius Norwich, Byzantine: The Decline and Fall (Alfred A. Knopf Pub.: New York, 1998) p. 394
  2. John Julius Norwich, A History of Venice (Alfred A. Knopf Pub.: New York, 1982) p. 343
  3. Mango, Cyril. The Oxford History of Byzantium. 1st ed. New York: Oxford UP, 2002. pg 277
  4. Lord Kinross, The Ottoman Centuries: The Rise and Fall of the Turkish Empire, p. 85