Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ (Загоричани)

црква во Загоричани, Костурско

Воведение на Пресвета Богородица (грчки: Εισόδεια της Θεοτόκου) — црква во селото Загоричани, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Воведение на Пресвета Богородица
Εισόδεια της Θεοτόκου
Поглед на црквата со дворот
Карта
40°33′54″N 21°25′50″E / 40.56500° СГШ; 21.43056° ИГД / 40.56500; 21.43056
МестоЗагоричани, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Историја
Осветена1861
Архитектура
ЗавршенаXIX век
Управа
Архијерејско намесништвоГоренско
ЕпархијаКостурска

Историја

уреди

Црквата е главната знаменитост во Загоричани. Ова е голем храм со димензии 24 × 14 м, сместен во центарот на селото. Изграден е врз темелите на постара црква и осветен на 10 мај 1861 г., за што сведочи натпис врз мермерна плоча на јужниот ѕид. Црквата е трикорабна, од кои левиот кораб (женското одделение) е посветен на Свети Никола, а десниот на Свети Јован Богослов. Внатре има вредни икони кои се постари од црквата и се дело на зографи од епирското село Кионат.[1]

Ктиторскиот натпис е на наметнатиот грчки и гласи:

 
Ктиторскиот натпис

ΟΥΤΟC Ο ΘΕΙΟC ΚΑΙ ΙΕΡΟC ΝΑΟC ΤΗC ΥΠΕΡΑΓΙΑC ΔΕCΠΟΙΝΗC ΗΜΩΝ ΘΕΟΤΟΚΟΥ ΚΑΙ ΑΕΙΠΑΡΘΕΝΟΥ ΜΑΡΙΑC ΤΩΝ ΕΙCΟΔΙΩΝ ΑΝΗΓΕΡΘΗ ΕΚ ΒΑΘΡΩΝ - ΑΡΧΙΕΡΑΤΕΥΟΝΤΟC ΤΟΥ ΑΓΙΟΥ ΚΑCΤΟΡΙΑC ΚΥΡΙΟΥ ΝΙΚΗΦΟΡΟΥ ΔΙΑ ΔΑΠΑΝΗC ΔΕ ΤΩΝ ΦΙΛΟΚΑΛΩΝ ΑΠΑΝΤΩΝ ΤΕ ΤΩΝ ΕΥCΕΒΩΝ ΚΑΙ ΟΡΘΟΔΟΞΩΝ ΧΡΙCΤΙΑΝΩΝ ΤΗC ΧΩΡΑC ΖΑΓΟΡΙΤCΑΝΗC ΑΙΩΝΙΑ Η ΜΝΗΜΗ ΥΠΟ ΜΑCΤΟΡ ΖΙΩΠΑΝΙΩΤΕC 1861 ΜΑΙΟΥ 10[2]

Превод:

Ово Божји и свет храм на Воведението на Нашата Пресвета Владичица Богородица и Вечна Дева Марија, беше подигнат од темел за време на Светиот Никифор Костурски и со средства на сите благочестиви, добри и православни христијани од селото Загоричани за во веки веков и памет од мајстори жупанци, 1861 г., 10 мај

Икони

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Εισόδεια της Θεοτόκου - Βασιλειάδα“. Νομαρχιακή Αυτοδιοίκηση Καστοριάς. Архивирано од изворникот на 2016-12-27. Посетено на 26 декември 2016.
  2. 2,0 2,1 Δόικος, Νίκος & Γιάννης Σίσιου & Δημήτριος Τσουρτσούλας (1995). Καστοριανά Μνημεία: Μακεδονική Κληρονομιά. Χρωμογραφή. стр. 173.

Надворешни врски

уреди