Црвејнца (Опеница)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Црвејнца

Карта

Местоположба 41°12′15″N 20°54′23″E / 41.20417° СГШ; 20.90639° ИГД / 41.20417; 20.90639
Основни податоци
Место Опеница
Општина Охрид
Тип

 населба  некропола


Период неолитско време
хеленистичко време
среден век
Портал „Археологија“

Црвејнцаархеолошко наоѓалиште во охридското село Опеница. Претставува населба од неолитското време, некропола од хеленистичкото време и средниот век. Се наоѓа северно од селото, на левата страна на патот Охрид-Ресен, на почетокот на 20-тиот километар, а во непосредната близина на Прентов Мост. На почетокот на 1956 година, со работите на мостот, во брегот биле откриени гробови од хеленистичка и средновековна некропола. Во истата година Музејот од Охрид извршил сондажни, а во 1957-59 систематски ископувања. Со овие работи биле откриени и истражени 143 гроба од кои 83 од хеленистичкото време а 60 од раниот среден век. Во долните слоеви се најдени фрагменти од керамички садови, орудија од кремен и коска кои упатуваат на траги од неолитска населба. Наодите се чуваат во Завод и Музеј во Охрид.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 254, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069