Адам од Македонија

неолитска фигура пронајдена во наоѓалиштето Церје кај с. Говрлево, Скопско

Адам од Македонија или Адам од Говрлево — назив на мала керамичка фигура на машко торзо во седечка положба, откриена во 2000 г. на археолошкото ископување на неолитското наоѓалиште Церје кај скопското село Говрлево. Со истражувањата раководел археологот Милош Билбија од Музејот на Град Скопје, кој го пронашол овој артефакт на последниот ден од октомвриските теренски истражувања, на границата помеѓу културните слоеви кои припаѓаат на неолитот и бакарното време.

Фигурината Адам од Македонија

Фигурината која датира од средината на VI милениум п.н.е. претставува еден од десетте уникатни археолошки наоди во светот. Веднаш по самото пронаоѓање го доби епитетот „милениумско откритие“. На почетокот од страна на М. Билбија беше именуван како „Адам од Говрлево“, но за потребите на правење бренд, беше преименуван во „Адам од Македонија[1].

Адам има необична уметничка обработка. Тоа е еден нецелосно сочуван обид за претстава на маж фатен во момент на физичка или духовна активност. Ова машко тело поставено во седната позиција има нагласена анатомија, длабоко вовлечен стомак, истакнат папок, добро дефинирани мускули, видлив ‘рбет, па дури и скршен фалус.

Ова ремек-дело е со експилицитно реалистична уметничка форма, на пошироката публика за првпат и било претставено на 30 септември 2006 г., во рамките на манифестацијата „Бела ноќ“.

Во моментот наодот може да се погледне во поставката на Музеј на Град Скопје.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. М. Билбија, Адам од Македонија, Бизнис Каталог - 2006, Агенција за маркетинг и издавачка дејност - Марили, 2006, 20-23

Надворешни врски

уреди