Церкничко Езеро
езеро во Словенија
Церкничко Езеро (словенечки: Cérkniško jézero) — езеро во југозападниот дел на Словенија. Се наоѓа во јужниот дел на Церкничкото поле.
Церкинчко Езеро Cerkniško jezero | |
---|---|
Поглед кон езерото (зима) | |
Подрачје | Нотрањска |
Координати | 45°44′59″N 14°22′20″E / 45.74972° СГШ; 14.37222° ИГД |
Вид | наизменично езеро |
Сливни земји | Словенија |
Површина | 38 км2 |
Прос. длабочина | 10 м |
Надм. височина | 546 до 551 м |
Населени места | Церкинца, Долење Језеро, Горење, Грахово |
Површината на езерото изнесува околу 26 км² и се наоѓа во Крашковото Поле. Кога Крашковото Поле е поплавено површината достигнува и до 38 км². Максималната должина на езерото изнесува 10,5 км, а максималната ширина 4,7 км. Церкничкото Езеро е најголемо езеро во Словенија. Максималната длабочина на езерото изнесува 10 метри.
Нивото на водата во езерото расте посе есенските врнежи од дожд и во пролет кога се топи снегот, а во текот на мај и јуни езерото пресушува.
Езерото има добри услови за ловење на риба. Исто така езерото претставува место за гнездење на многу видови на птици.
Поврзано
уреди„Церкничко Езеро“ на Ризницата ? |
Оваа статија место во Словенија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |