Цветко Христов
Цветан (Цветко) Христов,нарекуван Дедо Господ[1] или Попот[2] (Присовјани, Струшко, 1884 - Софија, Бугарија, 9 септември 1914) — македонски револуционер, охридски војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.[3]
Цветко Христов | ||
Роден | 1884 Присовјани, Струшко,Македонија | |
---|---|---|
Починал | 9 септември 1914 Софија, Бугарија |
Животопис
уредиХристов е роден во 1884 година в струшкото село Присовјани. До 25 март 1903 година бил четник кај Никола Русински, заедно со браќата Тасе Христов и Дојчин Христов - исто така револуционери на ВМОРО.[4]
За време на Илинденското востание е помошник војвода во четата на Тасе Христов и бил војвода на четата од село ’Ржаново. За време на востанието четите, раководени од Тасе Христов го напаѓаат аскерот во селото Елевци. На 3 август четата на Цветко удира од позади и го иагонува башибузукот кој ги заобиколил четите на Тасе Христов. Следниот ден неговата чета е опколена и Цветко бил ранет, но успева да се извлече, по што четите почнуваат да се повлекуваат во Горерн Дебар.[5]. Таму ги продолжил дејствувањата заедно со четите на Смиле Војданов.
Во втората половина на септември, откако го собираат и кријат оружјето од демобилизираните чети во регионот, Цветко, Тасе и Дојчин Христови бегаат во Бугарија, водени по разработен канал од кичевскиот војвода Ванчо Србаков[6]
Во Македонија се враќа со чета во 1905 година. На патот за Охридско четата води борба во Прилепско, каде загинуваат шест четници, а Цветко Христов е ранет. Умира на 9 септември 1914 година в Софија, Бугарија.[7].
-
Цветко Христов, портрет
-
Цветко Христов, преправен како поп
-
Тројцата браќа борци - војводите Тасе, Цветко и Дојчин Христови
Наводи
уреди„Цветко Христов“ на Ризницата ? |
- ↑ Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 93
- ↑ Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.39, 80
- ↑ Кратка биографија на Цветко Христов
- ↑ Русински, Никола, „Принос към историята на Вътрешната Македоно-Одринска Революционна Организация (градивен период) за времето 1900-1903 г.“
- ↑ Спомени - Лазар Димитров
- ↑ Анастасов, Йордан. „Илинденско-Преображенското въстание 1903—1968“, „Спомени на Смиле Войданов“ стр.204, 206, 210
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 181.