Дојчин Христов Тодоров (роден во Присовјани, Струшко) — македонски револуционер, охридски војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.[1]

Дојчин Христов
Роден Присовјани, Струшко,Македонија
Тројцата браќа борци - војводите Тасе, Цветко и Дојчин Христови

Животопис

уреди

Дојчин Христов е роден во струшкото село Присовјани. По занает бил ѕидар. Од април 1902 година станал четник во четата на Никола Русински, заедно со своите браќа Цветко Христов и Тасе Христов - исто така револуционери од ВМОРО. Подоцна станал четник во четата на брата си Тасе, а за време на Илинденското востание во летото 1903 година раководел сопствена чета во село ’Ржаново. Во втората половина на септември, откако го собираат и кријат оружјето од демобилизираните чети во регионот на дебарска Жупа, Цветко, Тасе и Дојчин Христови бегаат во Бугарија, водени по разработен канал од кичевскиот војвода Ванчо Србаков[2] За време на Младотурската револуција бил уапсен и жестоко измачуван за време на младотурската акција за разоружување, во 1910 година.[3]

Наводи

уреди
  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје 2015, стр. 331
  2. Анастасов, Йордан. „Илинденско-Преображенското въстание 1903—1968“, „Спомени на Смиле Войданов“ стр.204, 206, 210
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 179.