Цвета Толевска
Цвета Толевска (29 мај 1945 во Љубојно — 2017 во Скопје) — македонска лекарка, радиотерапевт-онколог и универзитетски професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.[1]
Цвета Толевска | ||
Родена | 29 мај 1945 Љубојно, СФР Југославија | |
---|---|---|
Починала | 2017 Скопје, Македонија | |
Националност | Македонка | |
Занимање | лекар, радиотерапевт-онколог, универзитетски професор |
Животопис
уредиРодена е на 29 мај 1945 година во селото Љубојно, Преспа. Основно училиште и гимназија завршила во Битола. Во 1964 година се запишала на Медицинскиот факултет во Скопје, а дипломирала во 1970 година.
Во 1972 година се вработила на Институтот за радиотерапија и онкологија, при Медицинскиот факултет во Скопје. Во 1982 година е избрана за асистент на Медицинскиот факултет.
Во 1984 година била на едногодишно стручно усовршување во болница во Детроит, САД.
Во текот на својата работа Цвета Толевска учествувала со свои трудови на повеќе научни и стручни конгреси, симпозиуми и интерсекциски состаноци на просторот на некогашна Југославија и Македонија, како и на повеќе европски и светски конгреси.
Во септември 1992 година била избрана за научен соработник по предметот онкологија со радиотерапија, во мај 1995 година за доцент, во октомври 1997 година за вонреден професор, а во 2002 година била избрана за редовен професор по предметот онкологија со радиотерапија. Бројните стручни и научни публикации, како и докторската дисертација на Цвета Толевска претставуваат научен придонес во областа на радиотерапијата и хемотерапијата на злоќудните заболувања во нашата земја.
Проф. д-р Цвета Толевска е соавтор на учебникот „Радиотераписка онкологија“ издадена во 2002 година како заеднички труд на наставниот кадар при катедрата по онкологија со радиотерапија, а има публикувано и бројни стручни и научни трудови.
Наводи
уреди- ↑ „MMP 71(2) 2017.pdf“. Google Docs. Посетено на 2020-10-03.