Цар Самуил (опера)

македонска опера, компонирана од Кирил Македонски
(Пренасочено од Цар Самоил (опера))

Цар Самуил — македонска опера, компонирана од Кирил Македонски. Либретото за оваа опера е исто така дело на Кирил Македонски, а е напишано според историски настани.

Цар Самуил
Опера од Кирил Македонски
ЛибретоКирил Македонски
ЈазикМакедонски
СпоредИсториски настани
Премиерна изведба
Датум5 ноември 1968 (1968-11-05)
МестоСкопска Опера, Скопје

Компонирање

уреди

Операта „Цар Самуил“ е најзрелото дело на Кирил Македонски. Компонирана е во период од неполни четири години, од 1962 до 1966 година врз сопствено либрето. Идејата на оваа тема долго време е присутна кај него и Кирил Македонски во едно интервју ја објаснува вака: „Запознавајќи се со нашата национална историја бев потресен од големината на Самуиловата трагедија. 14000 војници ослепени! Каков ужас!“[1]

Во операта се прикажуваат последните години од владеењето на Цар Самуил и неговата смрт, односно крајот на X и почетокот на XI век. Дејствието го опишува судирот на царевите Самуил и Василиј II, а кулминира со трагичниот настан: ослепувањето на војската на Самуил и неговата смрт.[1]

Со оваа опера, на 18 февруари 1966 година, Кирил Македонски магистрира на Музичката академија во Љубљана, а комисијата составена од шест угледни професори му дава највисока оценка (10), по што тој се здобил со тогаш највисокото звање - специјалист по композиција.[2] По ова Кирил Македонски упатил барање до Уметничкиот совет на операта во Скопје да го стават ова дело на репертоарот; но под изговор дека „делото содржи сериозни недостатоци“ ова барање е одбиено.[2] Разочаран од сето ова Кирил Македонски бара операта да биде преоценета од реномираните музичари Луцијан Марија Шкерјанц (негов професор и ментор од Љубљана) и Ловро Матачиќ (голем пријател на Скопската опера и најзаслужен за нејзиниот подем).[3] Откако операта повторно ќе биде високо оценета, композирот на нотар заверените оценки ги носи во Советот на операта. Под влијание на сите овие настани Уметничкиот совет на операта на 26 јуни 1967, во проширен состав и со присуство на авторот дава одобрение за изведба на операта.[4]

Содржина

уреди

Операта е составена од четири чина и епилог.

Содржински, во неа се обработени дејствијата од судирот помеѓу цар Самоил и византискиот цар Василиј II. Либретото е дело на самиот композитор.

Операта опфаќа дејствие од периодот на Х и ХI век.

Авторот користел и историски документи, вградувајќи во своето либрето и историски личности: цар Самоил тенор, Василиј II бас како и многу други историски и измислени личности сето тоа било поткрепено со бројни масовни сцени.[5]

Изведба

уреди

Премиерата на операта „Цар Самуил“ била на 5 ноември 1968 година на сцената на Скопската опера во Скопје. Операта предизвикала исклучително внимание кај љубителите на оперската уметност во Скопје. Билетите биле распродадени неколку дена пред самата премиера, и затоа реприза била закажана три дена подоцна.[6] Диригент на премиерата бил Фимчо Муратовски; а режисер Данчо Митровски.

По премиерата во Скопје, операта станала дел од редовниот репертоар. Таа е единствена македонска опера која доживеала две обнови (во 1990 и 2001) и е опера со најмногу изведби во странство.[6]

Улоги

уреди
Улога Премиерна екипа: 5 ноември 1968

Диригент : Фимчо Муратовски
Цар Самуил Георги Божиков
Василиј II Стојан Ганчев
Гаврил Радомир Никола Гагов
Ирена Марија Скаловска
Марија Ана Липша-Тофовиќ
Црнољуб Артур Сурмејан
Огнен Станко Липша
Владислав Гога Трајанов
Ксифија Јордан Тодоровски
Уран Драган Шојлев
Теодорих Коста Шуваковиќ
Агата (жена на Самуил)
Косара (ќерка на Самуил)
Мирослава (ќерка на Самуил)
Габриела (првата жена на Гаврил Радомир)
Самуилови војводи, болјари, дворјани при Василиј II, танчарки при византискиот двор, византиски војници

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Кирил Македонски“. Соком.
  2. 2,0 2,1 Марко Коловски (28.04.2014). „Трнливиот пат до успехот од „Гоце" до „Цар Самуил" од Кирил Македонски“. Награден музиколошки труд на конкурсот на Сојузот на композиторите на Македонија. стр. 14. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. Марко Коловски (28,04,2014). „Трнливиот пат до успехот од „Гоце" до „Цар Самуил" од Кирил Македонски“. Награден музиколошки труд на конкурсот на Сојузот на композиторите на Македонија. стр. 14, 15. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. Коловски, Марко (28.04.2014). „Трнливиот пат до успехот од „Гоце" до „Цар Самуил" од Кирил Македонски“. Награден музиколошки труд на конкурсот на Сојузот на композиторите на Македонија. стр. 16. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. Кирил Македонски
  6. 6,0 6,1 Коловски, Марко (28.04.2014). „Трнливиот пат до успехот од „Гоце" до „Цар Самуил" од Кирил Македонски“. Награден музиколошки труд на конкурсот на Сојузот на композиторите на Македонија. стр. 19. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски

уреди