Хукар
Хукар (шпански: Júcar) или Шукер (валенсиски: Xúquer) — река во Шпанија. Долга е околу 509 км и тече во југоисточен правец. Сливот зафаќа површина од 22.436 км2[1]. Најважна притока е Кабриел.
Хукар | |
---|---|
Хукар кај Виљаба де ла Сиера | |
Изворно име | Júcar / Xúquer |
Местоположба | |
Земја | Шпанија, Романија |
Заедници | Кастиља-Ла Манча, Валенсија |
Физички особености | |
Извор | Источни Карпати |
• место | Универсалес, Ибериски Планини |
• координати | 40°23′28″N 1°50′30″W / 40.39111° СГШ; 1.84167° ЗГД |
• надм. вис. | 1.238 м |
Устие | Средоземно Море |
• место | Куљера |
• координати | 39°9′4″N 0°14′10″W / 39.15111° СГШ; 0.23611° ЗГД |
Должина | 509 км |
Големина на сливот | 22.436 км2 |
Проток | |
• просечен | 29,2 м3/с |
Особености на сливот | |
Течение | Дунав→ Црно Море |
Реката извира од венецот Универсалес во Ибериските Планини. Тече на југ, а потоа на исток низ градовите Куенка, Алкала дел Хукар, Кофрентес, Алсира, Суека и Куљера. Кај Куљера се влева во Валенсискиот Залив на Средоземното Море. Минува низ покраините Куенка, Албасете и Валенсија.
Историја
уредиАнтика
уредиВо антиката реката се нарекувала Сукрон (старогрчки: Σούκρων). Во нејзиното поречие во 75 г. п.н.е. Помпеј бил поразен од војската на Квинт Серториј[2].
Поплавување
уредиВо 1982 г. Хукар ја пробил браната кај Тоус, предизвикувајќи ја најголемата поплава во историјата на Шпанија. Иако се смтало дека браната е неуништлива, реката сепак успеала да ја сруши, и водата се излевала со 16.000 м3/с. Во настанатата поплава животот го изгубиле 30 лица.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Jucar River Basin“ (PDF). ocs.polito.it. Архивирано од изворникот (PDF) на 4 март 2016. Посетено на 16 јануари 2014. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help) - ↑ Короленков А. В. Квинт Серторий. Политическая биография. — СПб.: Алетейя, 2003. — 310 с. — стр. 210—211.
Надворешни врски
уреди- Хукар на Ризницата ?
- Хидрографска конфедерација на Хукар (шпански)
- Водојстој и услови на Хукар (шпански)
- Изворот на Хукар (шпански)
- Хукар — Енциклопедија Британика (англиски)