Валенсиски Залив

залив во Шпанија

Валенсиски Залив (валенсиски: Golf de València, шпански: Golfo de Valencia) — залив во западниот дел на Средоземното Море, сместен на источниот брег на Шпанија. Неговите граници се ’ртот Нао на југ и разновидни на север: според некои, тоа е Винароскиот ’Рт; други за јужна граница ја сметаат делтата на Ебро. Ако за граница се земе Винароскиот ’Рт, заливот наполно лежи во автономната заедница Валенсија. Ако се земе делтата на Ебро, тогаш северното крајбрежје лежи во Каталонија.

Валенсискиот залив во рамките на западното Средоземје. На оваа карта за северна граница е земена делтата на Ебро.

Во заливот се наоѓаат малите островчиња Колумбретес. Валенсискиот Залив е располовен од нултиот меридијан.

Географија уреди

Брегот долж Валенсискиот Залив е рамен, со песочни плажи. Особено својствени на него се крајбрежните мочуришта со естуарот Албуфера. Тој е значајно моклиште според Рамсарскиот договор.

Подрачјето на заливот е меѓу најдобрите примери на средоземната клима во Шпанија. Брегот е густо населен, меѓу најгустите места во Шпанија.

Стопанство уреди

До заливот се протегаат ниски плодни земјишта на кои се одгледуваат ориз и агруми. Најголема улога игра овоштарството — се произведуваат големи количества портокали и лимони.

Во подрачјето стопанисува британско нефтено претпријатие со нафтени платформи на поле со површина од 4.000 км2. Постојат негодувања околу крајбрежно дупчење како еколошки штетно.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

39°30′N 00°00′E / 39.500° СГШ; 0.000° ИГД / 39.500; 0.000