Хуан Алберто „Хуанчо“ Ернангомес (роден на 28 септември 1995 година) е шпански кошаркар, крилен центар или крило на Минесота Тимбервулфс и на шпанската репрезентација.[1]

Хуан Ернангомес


Лични информации
Роден на 28 септември 1995(1995-09-28)(29 г.)
Роден во Мадрид, Шпанија
Националност Шпанија Шпанија
Висина 2,06 м
Тежина 88 кг
Позиција крилен центар, крило
Информации за кариерата
Драфт 2016 / Рунда: 1 / Пик: 15
Избран од:
Денвер Денвер Нагетс
Проф. кариера 2014–
Моментален клуб
Клуб Минесота Тимбервулфс Минесота Тимбервулфс
Број 41
Сениорски клубови
Години: Клубови:
2014–2016
2016–2020
2020–
Естудиантес Естудиантес
Денвер Денвер Нагетс
Минесота Тимбервулфс Минесота Тимбервулфс
Репрезентација
2015- Шпанија Шпанија

Животопис

уреди

Тој е син на поранешните кошаркари Гуљелмо Ернангомес Ередеро и Маргарита Гејер. Неговиот постар брат, Гуљелмо, исто така е кошаркар и во моментов игра за Шарлот Хорнетс во НБА.[2] Тој има и помала сестра, Андреа, која исто така се занимава со кошарка.

Технички одлики

уреди

Стилот на игра на Ернангомес често бил споредуван со оној на два НБА играчи: сонародникот Виктор Клавер и Јонас Јеребко.[3] Неговите најдобри квалитети се брзината, атлетизмот и играта во одбрана.[4] Дуото, тој и неговиот брат, Гуљелмо, во Шпанија е често споредувано со шпанските НБА ѕвезди браќата Марк и Пау Гасол.[5]

Клупска кариера

уреди

Естудијантес (2012–2016)

уреди

Во 2012, Ернангомес го потпишал својот прв професионален договор со екипата на Естудијантес и играл за нивниот втор тим до 2014, кога бил промовиран во главната екипа.[6] Во сезоната 2015–2016, Ернангомес имал 9.7 бода и 5.7 скокови во 34 натпревари. Добрите игри довеле до тоа тој да биде прогласен за добитник на наградата Најдобар млад играч во АЦБ лигата.[7]

Денвер Нагетс (2016–денес)

уреди

На 26 април 2016 година, Ернангамез бил прогласен во меѓународниот список на кандидати за ран влез на НБА Драфтот 2016.[8] Тој потоа бил избран од Денвер Нагетс како 15-ти пик на драфтот.[9]

Своето деби во НБА лигата со Нагетси го направил на отворањето од сезоната 2015-2016 против Њу Орлеанс Пеликанс, играјќи во последните секунди од натпреварот.[10]

На 14 февруари 2017, Ернангомес постигнал највисоки во НБА кариерата 27 бода во изненадувачката победа на домашен терен со 132-110 над Голден Стејт Вориорс, водачите во Западната конференција и подоцнежни НБА шампиони.[11] На 21 март 2017, тој постигнал 15 бода во натпреварот загубен во последната секунда против Хјустон Рокетс на гости со 125-124; во овој натпревар "Хуанчо" започнал како стартер на позицијата крило заменувајќи го повредениот Данило Галинари.[12] Во својата руки сезона, Ернангомес одиграл 62 натпревари, 9 како стартер, со просек од 4.9 бода и 3 скокови.

На почетокот на следната сезона му била дијагностицирана мононуклеоза, поради што одиграл само 25 натпревари.[13]

Репрезентативна кариера

уреди

Во 2013, Ернангомес играл за шпанската репрезентација под 18 години на Европското првенство за играчи под 18 години во Латвија. Потоа тој играл за репрезентацијата под 20 години во следните две години, и учествувал на Европското првенство за играчи под 20 години. Добрите игри на Ернангомес му донеле повик во сениорската репрезентација за време на подготовките за Европското првенство 2015.[6][14]

Ернангомес за првпат бил избран да ја претставува Шпанија на некое големо натпреварување, за време на Европското првенство 2017. На турнирот тој имал просек од 8.4 бода, 5.9 скокови, 0.7 асистенции и 0.7 блокади за 19.7 минути по натпревар.[15] Шпанија го завршила турнирот на третото место, освојувајќи го бронзениот медал.[16]

Во 2019 година, Ернангомес ја претставувал Шпанија на Светското првенство 2019 во Кина. Тој имал просек од 10.5 бода, 5.4 скокови, 0.6 асистенции и 0.4 блокади за 23.1 минути по натпревар.[17] Во финалето против Аргентина кое Шпанија го добила со убедливи 95-75,[18] освојувајќи го вториот златен медал на Светските првенства во историјата,[19] Хуан имал учинок од 11 бода, 5 скока, 1 асистенција и 1 блокада но предвреме го завршил натпреварот поради тоа што направил пет лични грешки во последната четвртина.[17]

Титули

уреди

Репрезентативни

уреди

  Шпанија

уреди

Статистика на кариерата

уреди
Легенда
  ОН Одиграно натпревари   СН  Натпревари како стартер  МПН  Минути по натпревари
 ПШИ%  Процент на шут од игра  3П%  Процент на шут за три бода  СФ%  Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН  Скокови по натпревар  AсПН  Асистенции по натпревар  УТПН  Украдени топки по натпревар
 БлПН  Блокади по натпревар  ППН  Поени по натпревар  Задебелено  Најдобро во кариерата

Регуларен дел од сезоната

уреди
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2016 Денвер 62 9 13.6 .453 .411 .750 3.0 .5 .5 .2 4.9
2017 Денвер 25 3 11.1 .387 .280 .833 2.2 .5 .2 .1 3.3
2018 Денвер 70 25 19.4 .439 .365 .767 3.8 .8 .4 .3 5.8
Кариера 157 37 15.8 .437 .366 .764 3.2 .6 .4 .2 5.1

Playoffs

уреди
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2019 Денвер 5 0 2.9 .333 .500 .000 .6 .0 .0 .0 .6
Кариера 5 0 2.9 .333 .500 .000 .6 .0 .0 .0 .6

Наводи

уреди
  1. „Juancho Hernangomez Player Profile“. RealGM.com. Посетено на March 9, 2016.
  2. Martínez, José Luis; Sáenz de Tejada, José; Talavera, Miguel Martín (June 18, 2015). „El presente y futuro de los Hernangómez: Willy y Juancho apuntan alto... ¿NBA?“. Marca.com (шпански). Посетено на March 9, 2016.
  3. „Juan Hernangomez“. NBADraft.net. Посетено на March 9, 2016.
  4. „Juan Hernangomez“. DraftExpress. Архивирано од изворникот на 2019-09-13. Посетено на March 9, 2016.
  5. Taylor, Jeff (July 26, 2015). „The Hernangomez brothers - watch this space!“. FIBA.com. Архивирано од изворникот на 2015-10-02. Посетено на March 9, 2016.
  6. 6,0 6,1 „JUANCHO HERNANGOMEZ basketball profile“. Eurobasket.com. Посетено на March 9, 2016.
  7. „Juancho Hernangomez named best young player of ACB season“. Sportando.com. May 18, 2016. Архивирано од изворникот на 2016-08-26. Посетено на May 18, 2016.
  8. „NBA Announced Early Entry Candidates for 2016 NBA Draft“. DraftExpress.com. April 6, 2016. Архивирано од изворникот на 2016-04-30. Посетено на April 6, 2016.
  9. „Denver Nuggets Select Murray, Hernangomez and Beasley in First Round of 2016 NBA Draft“. NBA.com. June 24, 2016. Посетено на June 24, 2016.
  10. „Nuggets vs. Pelicans - Game Summary - October 26, 2016 - ESPN“. ESPN.com. Посетено на 2017-12-18.
  11. „Warriors vs. Nuggets - Box Score - February 13, 2017 - ESPN“. ESPN.com. Посетено на 2017-02-14.
  12. „NBA LEAGUE PASS | NBA.com“. watch.nba.com (англиски). Посетено на 2017-03-21.
  13. „Denver Nuggets' Juancho Hernangomez out with mononucleosis“. NBA.com (англиски). Посетено на 2019-03-10.
  14. „Juancho Hernangomez and Alberto Abalde to help Spanish NT at practices“. Sportando. August 26, 2015. Архивирано од изворникот на 2017-09-11. Посетено на March 9, 2016.
  15. „Juan HERNANGOMEZ at the FIBA EuroBasket 2017 - FIBA.basketball“. FIBA.basketball (англиски). Посетено на 2018-08-15.
  16. „Spain win Bronze to send Navarro off in style“. FIBA.basketball (англиски). Посетено на 2018-08-15.
  17. 17,0 17,1 „Juancho HERNANGOMEZ stats“. 16 септември 2019.
  18. Шпанија е нов светски првак Нова Македонија
  19. Шпанија по вторпат светски првак sitel.com.mk

Надворешни врски

уреди