Пау Гасол Саезшпански професионален кошаркар, роден на 6 јули 1980 година во Барселона. Висок е 2.13 метри и игра во НБА лигата за тимот на Лос Анџелес Лејкерс. Тој е син на Мариса Саез и Аугустин Гасол, а неговиот брат Марк Гасол е исто така НБА играч. Гасол беше продаден на Атланта Хокс, но правата ги имаше тимот на Мемфис Гризлис. Во Мемфис, Гасол станал клупски рекордер по бројот на одиграни натпревари, промашени удари, минути во игра, слободни фрлања, офанзивни и дефанзивни скокови, блокови и поени.[1] По седум поминати години во тимот на Гризлис, Гасол беше трампан во екипата од градот Лос Анџелес на 1 февруари 2008 година. Со Лејкерси освоил две шампионски титули (2009 и 2010).

Пау Гасол во дресот на Лејкерс (2013)

НаводиУреди

  1. „Memphis Grizzlies Career Leaders“. Basketball-Reference.com. Посетено на 17 мај 2008.

Надворешни врскиУреди