Христијан Аџиоски
Христијан Аџиоски (р. 14 март 1992 во Битола) — македонски писател.
Христијан Аџиоски | ||
Роден | Христијан Аџиоски 14 март 1992 Битола, Македонија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Народност | Македонец | |
Познат | „Само птиците се враќаат назад“ „Гласот на предците“ | |
Занимање | писател, лектор, музички рап изведувач |
Животопис
уредиАџиоски е роден на 14 март 1992 година во Битола. Основно образование завршил во Кичево (1998–2004) и Битола (2004–2006), а средно образование во Битола. Дипломирал на Педагошкиот факултет во Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ каде што се стекнал со звање дипломиран професор по македонски јазик и книжевност.
Во 2017 година се здобил и со лиценца за туристички водич и придружник на Факултетот за туризам при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Од 2019 година е лиценциран лектор по македонски јазик со положен лекторски испит во Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“.[1]
Литературно творештво
уреди- „Подарок за блиски раце“ (2012) - роман;[2][3]
- „Демографските промени во македонски села (1948 – 2002)“ (2019) - научно-литературна монографија;[4][5]
- „Приказни за големи и мали сонувачи (2019)“ - збирка бајки за деца во коавторство со Ана Жежовска;[6]
- „Гласот на предците“ (2022) - зборник на македонски народни преданија;[7][8][9][10][11][12]
- „Само птиците се враќаат назад (бегалците во историската голгота на Егејска Македонија)“ (2024) - научно-истражувачка хроника;[13][14][15][16][17][18][19]
Награди
уредиУчествувал на неколку поетски читања и конкурси, каде што ги освоил наградите:
- Награда од публика во поетско-музичката вечер во организација УКЛ „Дениција“ (2014);
- Прво место за наградата „Св. Климент Охридски“ за литературна творба по повод 1000 години од смртта на Св. Климент Охридски и одбележување на светскиот ден на учителот (2016);
- Сертификат за „пофалена песна за возрасни“ на конкурсот на литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ – Тетово (2020).
Музичка активност
уредиВо своите бројни уметнички ангажмани, се појавува како автор и артист на повеќе од стотина песни како член на музичката рап група Стиховно војување во чиј состав од 2006 година издал три студиски албуми: „Ништо нема да нѐ промени (2009)“, „Ме научи да научам (2011)“ и „Сега или некогаш (2013)“[20] и десетина видеозаписи во период од околу десет години активност.[21][22]
Стиховно војување биле организатори и на традиционалниот фестивал на урбана музика BUS (Bitola United Summer) фест, кој од 2010 до 2018 година се одржуваше во рамките на Битолското културно лето.[23][24]
Наводи
уреди- ↑ DOBRO UTRO SEKOE UTRO (2024-05-17), Македонските дијалекти ја разгалуваат душата на македонскиот народ, Посетено на 2024-12-14
- ↑ Tera TV (2012-07-04), Подарок за блиски раце на Христијан Аџиоски, Посетено на 2024-12-14
- ↑ Maria Ivanovska (2012-08-20), Podarok za bliski race - Hristijan Adzioski 01.07.2012 Bit Fest 2012, Посетено на 2024-12-14
- ↑ Bitola, Babam (2019-03-21). „Битолчанецот Христијан Аџиоски бара поддршка за неговата книга „Демографските промени во македонските села"“. Бабам Битола (англиски). Посетено на 2024-12-14.
- ↑ „Книга „Демографските промени во македонските села"“. Radar.mk. 2019-04-22. Посетено на 2024-12-14.
- ↑ culturalchat (2022-10-13). „Претставата "Песната на царевата ќерка" во ноември повторно на сцена“. Cultural Chat. Посетено на 2024-12-14.
- ↑ Сител Телевизија (2022-05-31), Зборникот "Гласот на предците" на Христијан Аџиоски содржи народни преданија од цела Македонија, Посетено на 2024-12-14
- ↑ Бошнакова, Кристина (2022-05-20). „Слушнете го „Гласот на предците" преточен во една книга“. Гоце. Посетено на 2024-12-14.
- ↑ „Излезе книгата „Гласот на предците", која претставува зборник на македонски народни преданија од Христијан Аџиоски“. Порта.мк. 2022-05-17. Посетено на 2024-12-14.
- ↑ info@fakulteti.mk, Fakulteti mk-. „Преданија од цела Македонија собрани во „Гласот на предците"“. fakulteti.mk. Посетено на 2024-12-14.
- ↑ „Во ова време многу е тешко да опстои македонскиот народен бит - со Христијан Аџиоски, автор на Зборникот на македонски народни преданија - Читај бе“. 2022-05-18. Посетено на 2024-12-14.
- ↑ Mакедонски корени ЈБ /Makedonski koreni JB (2022-07-04), Интервју со г дин Христијан Аџиоски - 02.07.2022, Посетено на 2024-12-14
- ↑ НМ (2024-02-24). „Книга за бегалците во историската голгота на Егејска Македонија“. Нова Македонија. Посетено на 2024-12-14.
- ↑ Сител Телевизија (2024-02-28), „Само птиците се враќаат назад" - Христијан Аџиоски раскажува за голготата на Егејска Македонија, Посетено на 2024-12-14
- ↑ Антропол (2024-02-22). „„Само птиците се враќаат назад" ново дело на Христијан Аџиоски“. Антропол. Посетено на 2024-12-14.
- ↑ „Македонска книжевност: Хроники од Егејска Македонија „Само птиците се враќаат назад" - Читај бе“. 2024-02-22. Посетено на 2024-12-14.
- ↑ culturalchat (2024-02-23). „„Чувствував дека „егејската приказна" не е доволно раскажана"-Христијан Аџиоски за најновата книга“. Cultural Chat. Посетено на 2024-12-14.
- ↑ DOBRO UTRO SEKOE UTRO (2024-03-01), „Само птиците се враќаат назад“ - бегалците во историската голгота во Егејска Македонија, Посетено на 2024-12-14
- ↑ Mакедонски корени ЈБ /Makedonski koreni JB (2024-08-17), МАКЕДОНСКИ КОРЕНИ СО ЈОН И БЕТИ ТРЕНОСКИ (17.08.2024) ГОСТИН: ХРИСТИЈАН АЏИОСКИ, Посетено на 2024-12-14
- ↑ user, Author: (2013-08-12). „ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ АЛБУМ НА СТИХОВНО ВОЈУВАЊЕ | Општина Битола“. Посетено на 2024-12-16.CS1-одржување: излишна интерпункција (link)
- ↑ Ivanovski, Todor. „Стиховно војување“. nezavisnabt.mk. Посетено на 2024-12-16.
- ↑ „Поинаков свет – нова рап песна на битолските рап групи Стиховно Војување и Поетика - Читај бе“. 2023-04-29. Посетено на 2024-12-16.
- ↑ „Bus fest на Бит Фест“. COOLTURA.mk. 2012-08-03. Посетено на 2024-12-16.
- ↑ user, Author: (2017-08-21). „БИТ ФЕСТ: „БУС ФЕСТ" | Општина Битола“. Посетено на 2024-12-16.CS1-одржување: излишна интерпункција (link)