Хрватско-шпански односи

(Пренасочено од Хрватско-Шпански односи)

Хрватско-шпански односи се однесува на билетаралните односи меѓу Хрватска и Шпанија. Двете држави воспоставиле дипломатски односи на 9 март 1992, после независноста на Хрватска од СФРЈ.

Хрватска амбасада во Мадрид

Хрватска има амбасада во Мадрид и почесни конзулати во Барселона, Палма де Мајорка, Памплона и Севиља.[1] Шпанија има амбасада во Загреб и конзулат во Дубровник.[2] Односите меѓу двете држави се позитивни. Двете земји се претежно католички.

И двете држави се рамноправни членови на Европската Унија и НАТО

Историја

уреди

Хрватско–шпанските односи датираат далеку назад во историјата, уште од почетокот на 16 век. За време на Ускочката војна (1516-18), Шпанската Империја официјално застанала на страната Кралството Хрватска против Венеција и Османлиското Царство.

Периодот на Шпанскатa граѓанска војна 

уреди

Многу Хрвати учествувале во Шпанската граѓанска војна, најчесто на страната на републиканците, вклучувајќи го и Јосип Броз Тито, кој подоцна станал претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Хрватската јавност била многу чувствителна на Шпанската граѓанска војна која била добро покриена во хрватските медиуми и на политичката арена. Младите членови на Партијата на правото испратиле телеграма за поддршка на Франциско Франко кој бил националист, додека Сојузот на комунистите на Југославија почнала да испраќа волонтери да им помогнат на републиканците. Партија или католичките медиуми, како што се Hrvatska straža (десно крило) или Proleter (лево крило), носеле информации во согласност со нивната идеологија. Додека Hrvatska straža пишувала дневно за прогон на религијата и кривични дела извршени од страна на републиканците и повик за „заеднички да се борат против црвената опасност и на духот на атеизмот“, Proleter пишувале за кривични дела извршени од страна на националистите и повикувале за „меѓународна борба против ударот на фашизмот“ и ја обвинувале црквата како коодговорни за злосторства. Пресот на левото крило постојано ја потенцирал важноста на борбата за националните права на Каталонците, Баскијците и други, споредувајќи ги со лошиот статус на Хрватите во Кралството Југославија, додека пресот на десното крило (Ustaše), кои се бореле против српскаиот унитаризам во рамките на Кралството Југославија, не посветиле многу внимание на аспирациите на Каталонците и Баскијците во Шпанија. Католичката црква постојано го потенцирала антирелигиозниот и антиадминистративниот карактер на републиканците, а Франко го прикажувале како заштитник на верата, црквата и христијанската традиција.[3]

По Втората светска војна и уништувањето на нацистичката марионетска држава, т.н. Независна Држава Хрватска, Шпанија, предводена од Франциско Франко, прифатила многу од оние што бегале од ослобедената територија, и новоформираната Социјалистичка федеративна Република Југославија, вклучувајќи го и диктаторот Анте Павелиќ и неговото семејство.

Шпанија покажала силна поддршка за хрватскиот влез во ЕУ. На 1 јули 2013 година, Шпанија го поздравила влезот на Хрватска во ЕУ закачувајќи црвени кравати, измислени од Хрватите, на палатата Кибелес.[4]

Економската соработка

уреди

Во 2013 Хрватска извезла во Шпанија стока во вредност од 40.800.000 евра, а увезла стока во вредност од 234.300.000 евра.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „MVEP • Veleposlanstva RH u svijetu • Španjolska, Madrid“. Посетено на 2016-03-03.
  2. „MVEP • Veleposlanstva stranih država u RH • Španjolska, Zagreb“. Посетено на 2016-03-03.
  3. 'Rat ustaša i partizana počeo je u Španjolskoj. Republikancima je priskočilo u pomoć 900 hrvatskih ljevičara, a fašistima samo desetorica frankovaca i ustaša. Dok su se ljevičari borili za nacionalno oslobođenje Katalonaca i Baska, ustaše su bili na strani unitarista Franca, kojega je podupirala i jugoslavenska vlada'. 2015-01-04. Архивирано од изворникот на 2016-03-07. Посетено на 2016-03-03.
  4. „Madrid velikom kravatom pozdravio Hrvatsku u EU - Večernji.hr“. Посетено на 2016-03-03.