Каталонци
Каталонците се европска етничка група составена од луѓе со потекло од Каталонија, на кои каталонскиот им е мајчин јазик. Жителите на соседниот регион во јужна Франција, познат и како Северна Каталонија (каталонски: Catalunya del Nord, француски: Pays Catalan) исто така често се вклучени во оваа дефиниција.[4][5]
Вкупен број | |
---|---|
околу 5.4 милиони | |
Подрачја со значајно население | |
Шпанија (Само луѓе родени во Каталонија; останатите Каталонци родени во другите региони на Шпанија не се вклучени) | 4,800,000[1] |
Аргентина (проценката варира) | 188,000 |
Франција | 110,000 |
Мексико | 63,000 |
Германија | 48,000 |
Перу | 39,000 |
Андора | 29,000 |
Италија (говорници на алгерскиот дијалект во Алгеро, Сардинија) | 23,000 |
Чиле | 16,000 |
Венецуела | 6,200 |
Куба | 3,600 |
САД (проценката варира) | 700-1,750[1][2] |
Еквадор | 850[3] |
Јазици | |
каталонски (мајчин) окситански (во Вал де Аран) шпански, француски (како резултат на имиграција или асимилација) | |
Вероисповед | |
христијанство (Католицизам) | |
Сродни народи | |
Шпанци (Андорци, Валенсијци, Балеари, Арагонци), други Латински Европејци |
Наспроти поголемиот дел од жителите на Каталонија, останатите кои зборуваат каталонски, имено жители на Андора, Валенсија, Балеарските Острови, источниот дел на Арагон, Русијон, а понекогаш и градот Алгеро во Сардинија, Италија, често се идентификуваат како дел од поширока каталонска етничка група, која ги населува териториите наречени од каталонските националисти како Каталонски Земји (каталонски: Països Catalans).
Поголемиот дел од Каталонците живеат во шпанската автономна заедница Каталонија, која се наоѓа во североисточниот дел на Шпанија. Најмалку 100.000 говорници на каталонскиот јазик живеат во Северна Каталонија во Франција. Неодреден број каталонци емигрирале во Америка за време на шпанскиот колонијален период и во Франција во годините после Граѓанската војна во Шпанија.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Idescat. Statistical Yearbook of Catalonia. Population. By place of birth. Counties, areas and provinces“. Посетено на 27 јуни 2018.
- ↑ Ancestry and Ethnic Origin, US Census
- ↑ El vicepresident del Govern es reuneix amb el Casal català de Quito Архивирано на 25 јули 2011., Generalitat de Catalunya
- ↑ "[1] Présentation Perpinyà 2008" (француски)
- ↑ Culture et catalanité Архивирано на 30 април 2009 г. Conseil Général des Pyrénées-Orientales (француски)