Хоруд

село во Лагадинско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Хорут)

Хоруда или Хоруд (грчки: Χωρούδα, Хоруда) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 27 жители (2021).

Хоруд
Χωρούδα
Хоруд is located in Грција
Хоруд
Хоруд
Местоположба во областа
Хоруд во рамките на Лагадина (општина)
Хоруд
Местоположба на Хоруд во Лагадина и областа Централна Македонија
Координати: 40°53.22′N 23°15.25′E / 40.88700° СГШ; 23.25417° ИГД / 40.88700; 23.25417
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаБогданска Планина
Надм. вис.&10000000000000680000000680 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно27
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа на билото на Богданска Планина, североисточно од Лагадина, западно од Нигрита и на 3 км источно од Берово.[2]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Црквата „Св. Атанасиј“ е изградена во втората половина на XVI век.[3] Се смета дека местото е основано во постаро време од грчки колонисти од гратчето Агринио во Етолија, југозападна Грција.[2]

Во XIX век Хоруда било грчко село во Лагадинската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Куруда (Courouda) е село со 25 домаќинства на 112 жители Грци.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Хоруд (Хорутъ) живееле 160 Грци.[5]

Во Грција

уреди

По Втората балканска војна селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1913 г. во него се попишани 160 жители кои во 1920 г. нараснале на 192. Населението продолжило да расте, па во 1940 г. во Хоруд се заведени 313 лица.[2]

Селото како планинско настрадало во Граѓанската војна и во 1947 г. било напуштено. Малку подоцна било обновено, па во 1961 г. се спомнува со 89 жители.[2] Набргу и тие жители го напуштиле, па останало пусто сè до 1990-тите, кога повторно заживеало, за да биде забележано со 63 жители во 2001 г.

Старото училиште, подигнато во 1932 г., денес е претворено во фолклорен музеј.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 313 0 89 63 51 27
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 302–303. ISBN 9989-9819-6-5.
  3. 3,0 3,1 „Χωρούδα“. Δήμος Λαγκαδά. Архивирано од изворникот на 22 јуни 2014. Посетено на 8 јуни 2014.
  4. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 152–153. ISBN 954-8187-21-3.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 170. ISBN 954430424X.