Холандски Антили

(Пренасочено од Холандски Западни Инди)

Холандски Антили (холандски: Nederlandse Antillen, папијаментоAntia Hulandes[2]) — автономна составна земја на Кралството Холандија. Оваа автономна држава била составена од две групи острови, едните составени од Аруба, Курасао и Бонер во близина на Венецуела, а другата група составена од Саба, Свети Мартин и Свети Евстахиј во близина на Свети Кристофер и Невис.

Холандски Антили
Nederlandse Antillen
1954–2010
Flag of Холандски Антили
Flag
Coat of arms of Холандски Антили
Coat of arms
Motto: латински: Libertate unanimus
("Обединети од слобода")
Химна: „Химна без наслов
Location of Холандски Антили
Статуссоставна земја на Кралството Холандија
Главен градВилемстад
Говорени јазицихоландски, англиски, папијаменто[1]
Уредувањеуставна монархија
Крал 
• 1954-1980
Јулијана
• 1980-2010
Беатриса
LegislatureПосед Холандски Антили
Историја 
• Основана
15 декември 1954
• Отцепување на Аруба
1 јануари 1986
• Распад на Холандските Антили
10 октомври 2010
Површина
2001800 km2 (310 sq mi)
Население
• 2001
175.653
Валутагилдер
Повикувачки број599
Internet TLD.an
Претходници
Наследници
Курасао и териториите
Аруба
Курасао
Свети Мартин (Холандија)
Карипска Холандија

Холандските Антили почнале да се распаѓаат во 1986 година, кога Аруба излегла од федерацијата и станала посебна автономна држава во рамките на Кралството. На 10 октомври 2010 Холандските Антили целосно се распаднале и денес Кралството е составено од четири уставни држави и три јавни тела, нешто слично како специјални општини. Уставните држави се: Аруба, Курасао, Холандија и Свети Мартин, додека специјални општини се: Бонер, Саба и Свети Евстахиј кои се нарекуваат со заедничкото име Карипска Холандија.[3]

Наводи

уреди
  1. „Landsverordening officiële talen“. wetten.nl. 28 March 2007. Посетено на 5 January 2011.
  2. Papiamentu/Ingles Dikshonario, Ratzlaff, Betty; pg. 11
  3. „Antillen opgeheven op 10-10-2010“ (холандски). NOS. 1 October 2009. Архивирано од изворникот на 2009-10-04. Посетено на 1 October 2009.

Користена литература

уреди
  • Borman, C. (2005) Het Statuut voor het Koninkrijk, Deventer: Kluwer.
  • Oostindie, G. and Klinkers, I. (2001) Het Koninkrijk inde Caraïben: een korte geschiedenis van het Nederlandse dekolonisatiebeleid 1940-2000. Amsterdam: Amsterdam University Press.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
Влада
Општо