Хималајска кафеава мечка
Хималајска кафеава мечка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Carnivora |
Семејство: | Ursidae |
Род: | Ursus |
Вид: | Ursus arctos |
Триномен назив | |
Ursus arctos isabellinus Horsfield |
Хималајската кафеава мечка (Ursus arctos isabellinus) е подвид на кафеавата мечка (Ursus arctos), со црвеникава боја на крзно поради што е позната и под името Хималајска црвена мечка. Живеат во регионите на Хималаите и северен Пакистан, до Дачигам и Кашмир. Точниот број на единки е непознат, но се проценува дека во националниот парк Деосаи има околу 20-28 единки[1]. Се претпоставува дека овој вид (слично како и Тибетската сина мечка) може да биде причина за легендата за Јети[2][3].
Кај овие мечки има полов диморфизам, односно мажјаците се поголеми од женките. Мажјаците достигнуваат должина од 1,5 до 2,2 метри, доека женките се со должина од 1,37 до 1,83 метри. Оваа мечка е најголемотo животно кое живее на просторот на националниот парк Деосаи.
Мечките зимата ја поминуваат хибернирајќи од октомври до април или мај. Хималајските кафеави мечки се сештојади и се храната со растенија, корења, плодови, но и инсекти и мали цицачи. Понекогаш можат да нападнат и да изедат овца или коза.
Наводи
уреди- ↑ „Животни во Пакистан“. Архивирано од изворникот на 2020-06-26. Посетено на 2008-11-17.
- ↑ The Japan Times, 18 септември 2003.
- ↑ BBC News — Yeti's 'non-existence' hard to bear
Надворешни врски
уреди- (англиски) Мечки во Индија
- (англиски) Brown Bear Conservation Project of HWF Архивирано на 6 јануари 2009 г.