Хајнрих II (војвода на Австрија)
Хајнрих II или Хајнрих Јасомиргот (германски: Heinrich II, Jasomirgott, роден во 1107 - починал на 13 јануари 1177 во Виена) — владетел од династија Бабенберг[1], пфалцграф од Рајна во периодот од 1140-1141, маркгроф на Австрија (1141-1156), војвода од Баварија (1141-1156) како Хајнрих XI и прв војвода на Австрија (1156-1177).
Хајнрих II | |
---|---|
Војвода на Австрија Војвода од Баварија Пфалцгроф од Рајна | |
Војвода | 1140–1156 |
Претходник | Леополд IV |
Наследник | Леополд V |
Роден(а) | 1112 |
Починал(а) | 13 јануари 1177 Виена, Австрија |
Сопруги | Гертрудa Суплингенбург Теодора Комнина |
Деца | Агнес Леополд Хајнрих Стариот |
Татко | Леополд III |
Мајка | Агнес фон Вајблингенод |
Биографија
уредиХајнрих бил син на маркгроф Леополд III и Агнес фон Вајблингенод од Салијската династија, ќерка на царот Хајнрих IV и сестра на цар Хајнрих V.Негова мајка била вдовица на Фридрих I од династија Хоенштауфен.
Како син на Леополд III, Хајнрих станал пфалцграф од Рајна на 33-годишна возраст и на оваа функција останал една година поради смрт на неговиот брат Леополд IV Бабенберг. По овој настан, тој заминал во Регенсбург.
Од 1 мај 1142 до 18 април 1143 година Хајнрих II бил оженет за Гертрудa Суплингенбург, единствената ќерка на царот Лотар III.
Во 1147 година Хајнрих како војводата од Баварија учествувал на Втората крстоносна војна. Хајнрих се оженил на враќање во Регенсбург за византиската принцеза Теодора Комнина, внука на византискиот цар Мануил I Комнин. И двата брака ја покажале важноста на неговата династија во Средна Европа во текот на овој период.
Во текот на политичкиот спор меѓу фракциите на Велфите и Хоенштауфен, царот на Светото Римско Царство го одзел Војводство Баварија од Хајнрих Гордиот и го отстапил на династијата Бабенберг. Новиот цар Фридрих I Барбароса се обидел да постигне компромис со Велфите и во 1156 година ја вратил Баварија на Хајнрих Лав, синот на Хајнрих X. Како компензација, динатијата Бабенберг добила повишување на рангот на Австрија во војводство и целосна независност од Баварија.
За разлика од својот татко, кој престојувал претежно во Клостернојбург, Хенри го преселил својот двор во Виена во 1145 година. Така современата австриска престолнина успеала да надмине градови како Кремс, Мелк или Клостернојбург. Исто така во 1147 година била завршена Виенската катедрала Свети Стефан, што силно придонесува за угледот на градот. Во 1155 година Хајнрих го основал манастирот Шотенштифт во Виена, во дворот на која негова статуа стои и до денес.
Брат на Хајнрих бил архиепископот Отон Фрајзиншки. Неговата сестра Јудит од 1133 година станала сопруга на Вилхелм V Монфератски. Тој пак бил полубрат на Фридрих II, војвода од Швабија, татко на подоцнежниот цар Фридрих I Барбароса и на римско-германскиот крал Конрад III.
Псевдоним
уредиПсевдонимот на Хајнрих Јазомиргот бил документиран за првпат за време на 13 век како Jochsamergott, чие значење е непознао. Според една теорија псевдонимот настанал врз основа на арапски збор во врска со Втората крстоносна војна, во кој Хајнрих учествувал во 1147 година. Според популарната етимологија, псевдонимот бил добиен по формулата Ja so mir Gott helfe (што значи: „Да, со Божја помош“).
Семејство
уредиПрва сопруга на Хејнрих од 1142 година била Гертрудa Суплингенбург (1115-1143), единствената ќерка на царот Лотар III. Тие имале една ќерка:
- Рихард (1143-1200), омажена за Хајнрих V, ландграф на Штефлинг
Втора сопруга на Хејнрих од 1148 година била Теодора Комнина († 1183), внука на византискиот цар Мануел I Комнин. Деца:
Надворешни врски
уреди- Beller, Steven (2007). A Concise History of Austria. New York: Cambridge University Press. ISBN 978-0521478861.
- Brooke, Z. N. (1938). A History of Europe: From 911 to 1198. London: Methuen & Company Ltd. ISBN 978-1443740708.
- Dopsch, Heinz (1999). Österreichische Geschichte 1122-1278. Vienna: Ueberreuter. ISBN 3-8000-3973-7.
- Lechner, Karl (1976). Die Babenberger: Markgrafen und Herzoge von Österreich 976–1246. Vienna: Böhlau. ISBN 978-3205085089.
- Leeper, Alexander W. (1941). History of Medieval Austria. London: Oxford University Press. ISBN 978-0404153472.
- Lingelbach, William E. (1913). The History of Nations: Austria-Hungary. New York: P. F. Collier & Son Company. ASIN B000L3E368.
- Pohl, Walter (1995). Die Welt der Babenberger. Graz: Verlag Styria. ISBN 978-3222123344.
- Rickett, Richard (1985). A Brief Survey of Austrian History. Vienna: Prachner. ISBN 978-3853670019.
- Wegener, Wilhelm (1965). Genealogischen Tafeln zur mitteleuropäischen Geschichte. Vienna: Verlag Degener.
„Хајнрих II (војвода на Австрија)“ на Ризницата ? |
- ↑ Lingelbach 1913, pp. 91–92.